Кремасто ризото со печурки - ќе ги воодушеви и најпребирливите непца

Ако барате идеја за вкусен и кремаст ручек или вечера, а да не е премногу комплицирано за подготовка, ризотото со печурки е одличен избор.

Комбинацијата од ароматични печурки, кремаст пармезан и ориз зготвен во супа му дава на јадењето богат вкус и текстура на која е тешко да се одолее.

Потребни состојки:
  • 1 л говедска супа
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 400 гр мешани печурки
  • 1 среден кромид
  • 1 чешне лук
  • 200 гр ориз*
  • 150 мл суво бело вино
  • 40 гр рендан пармезан
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • сол
  • бибер

*Оригиналниот рецепт е со Арборио италијански ориз, кој се вика така по истоименото гратче во Пиемонт од каде потекнува оризот. Како замена можете да коростите кочански.

Подготовка:

Прво загрејте ја супата на тивок оган и држете ја топла во текот на целата подготовка на ризотото.

Загрејте половина од путерот и маслиновото масло во голема тава. Додадете ги исечканите печурки, зачинете со сол и бибер и пржете 4 до 5 минути, додека не добијат златнокафена боја и течноста што ја испуштиле не испари. Извадете ги подготвените печурки од тавата и оставете ги настрана.

Додадете го преостанатиот путер и маслиновото масло во истата тава, потоа додадете ги ситно исечканите кромид и лук. Пржете кратко додека кромидот не омекне и не стане проѕирен.

Додадете го оризот и добро измешајте. Пржете неколку минути или додека зрната не станат стаклени. Потоа прелијте го белото вино и гответе додека оризот речиси целосно не го впие.

Потоа почнете постепено да ја додавате топлата супа. Сипајте ја во мали количини, околу половина чаша одеднаш, мешајќи постојано и нежно. Почекајте оризот да ја впие додадената течност пред да додадете повеќе супа. Повторете го процесот додека оризот не се свари, но сепак да биде цврст на заби.

Кога оризот ќе биде готов, вратете ги печурките во тавата и додадете го ренданиот пармезан. Добро промешајте сè за да се соединат состојките и ризотото да добие карактеристична кремаста текстура. Додадете повеќе сол и бибер доколку е потребно.

Послужете го ризотото веднаш, додека е топло и кремасто, и посипете со сечкан магдонос и дополнителен рендан пармезан пред сервирање.

реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Рецепти

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Кремаст колач со мак и овошје

Read more

Полнети пиперки без ориз на херцеговачки начин

Read more

Кремасто ризото со печурки - ќе ги воодушеви и најпребирливите непца

Read more

Магазин

Што е подобро за слабеење - растителни или животински протеини?

Читај повеќе

Маж предизвикал инцидент на лет на American Airlines, патници го совладале и го залепиле за седиште

Читај повеќе

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Читај повеќе

Што треба да јадете почесто наместо да се „клукате“ со суплементи?

Читај повеќе

Утрински еликсир што ги исфрла токсините од телото

Читај повеќе

Престојот на море не е само одмор: Како влијае на телото, кожата и расположението

Читај повеќе

Трик за сочно и меко печено пилешко

Читај повеќе
  • filter

Истанбул е дом на најдобрата зелена библиотека во светот

Читај повеќе

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Читај повеќе