Подгответе вкусна салата со крцкави њоки во фритезата на топол воздух. Ова јадење брзо е приготвува, заситувачко е и идеално за жешките летни денови.
Кога сакате лесен и доволно заситувачки оброк кој е готов за половина час, оваа салата со крцкави њоки од фритезата на топол воздух е вистинскиот избор.
Златни и крцкави однадвор, а меки одвнатре, њоките одлично одат со свежа зелена салата, моцарела, сушени домати и кремаст дресинг од песто. Можете да ја послужите оваа салата како комплетен ручек или вечера, или како прилог.
Потребни состојки:
- 500 гр њоки
- 2 лажици маслиново масло
- 40 гр рендан пармезан
- 1 лажичка лук во прав
- сол
- бибер
- 150 гр мешана зелена салата
- 120 гр мини моцарела
- 80 гр сушени домати во масло
- 1 мал црвен кромид
- 1 шака свеж магдонос
Подготовка:
Ставете ги њоките во голем сад, додадете маслиново масло, пармезан, лук во прав, сол и бибер и добро измешајте за да биде рамномерно премачкано секое парче.
Загрејте ја фритезата на топол воздух на 200 степени. Наредете ги њоките во еден слој во корпата и печете околу 13 минути. Протресете ја корпата еднаш или двапати за време на печењето за да се осигурате дека се рамномерно заруменети од сите страни.
Совет: Корпата на фритезата не ја преполнувајте со њоки, бидејќи ќе се зготват наместо да се испечат и станат крцкави.
Во голем сад, измешајте ја зелената салата, мини моцарелата, ситно сечканите сушени домати, тенките парчиња црвен кромид и сечканиот магдонос.
Откако њоките малку ќе се изладат, додадете ги во салатата и прелијте ги со подготвениот дресинг. Нежно измешајте сè заедно за убаво да се соединат состојките.
Сервирајте ја салатата веднаш додека њоките се сè уште крцкави. Можете да комбинирате со дресинг.