Ориз во сос со зеленчук и печурки

Брзо и едноставно јадење со примеси на азиска кујна што секој може да го подготви без многу труд, а сите членови на домаќинството ќе уживаат во богатиот вкус на зеленчукот и сосот.

Ова лесно јадење со ориз можете да го подготвите за ручек или вечера без многу труд. Зеленчукот и печурките му даваат полн вкус, а сосот од соја и сосот на база на лук совршено ги поврзуваат состојките. Ќе го обожавате бидејќи се подготвува брзо, а сите во домот ќе бараат уште.

Доколку сакате уште побогат вкус, додадете малку сусам или кикиритки на крајот, непосредно пред сервирање.

Потебни состојки:
  • 300 гр печурки
  • 2 лажици масло
  • 1 кромид
  • 1 пиперка
  • сол
  • бибер
  • 300 гр варен ориз

за сосот:

  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • 1 лажица оризов оцет
  • 3 лажици соја сос
  • 1 лажица кечап
  • 1 чешне лук
Подготовка:

Кромидот и пиперката исечкајте ги на ленти, а печурките на парчиња.

Загрејте го маслото во тава, па додадете го кромидот. Кога ќе омекне, додадете ја пиперката и печурките. Зачинете со сол и бибер по вкус.

Во мал сад измешајте соја сос, оризов оцет, кечап, шеќер и ситно сечкан лук. Добро измешајте.

Додадете го сварениот ориз во тавата со зеленчукот и прелијте го подготвениот сос. Мешајте додека сè добро не се соедини и рамномерно не се загрее. 

Топлиот ориз со зеленчук и печурки послужен директно од тавата ќе биде одличен избор за брз и вкусен оброк.

Remote video URL
Тагови
реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Крем супа од тиквички

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Кремаст колач со мак и овошје

Read more

Полнети пиперки без ориз на херцеговачки начин

Read more

Магазин

  • play_arrow

10 места што биле испразнети и напуштени преку ноќ

Читај повеќе

Што да направите во септември за вашите хортензии да цветаат бујно следната година?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Крем супа од тиквички

Читај повеќе

Како Меркур во Вага ќе влијае на секој хороскопски знак од 10 до 30 септември?

Читај повеќе

Што се случува во телото кога редовно јадете грав? 

Читај повеќе

Зошто Италијанците го пијат утринското кафе „од нога“?

Читај повеќе

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Читај повеќе

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се движите повеќе после јадење?

Читај повеќе