Пилаф со песто, пилешко и зеленчук: Едноставен ручек со дури 50 гр протеини по порција

Ако внимавате на вашата тежина, мора да го пробате овој рецепт за пилав со песто, пилешко и зеленчук. Содржи неверојатни 50 грама протеини по порција.

Кога ви треба ручек кој е заситувачки, богат со протеини и не бара многу валкани садови, направете го овој пилав со песто.

Сочно пилешко месо, ориз, брокула и чери домати се печат заедно во еден сад, додека пестото и двата кашкавала му даваат на јадењето богат и кремаст вкус.

Секоја порција содржи дури 50 грама протеини, што ја прави идеална за секој што внимава на исхраната или сака квалитетен оброк по тренингот.

Совет: Кон крајот на печењето, можете да ја вклучите функцијата за скара две до три минути за уште покрцкава кора од сирење.

Потребни состојки:
  • 550 гр пилешко филе
  • 200 гр брокула
  • 300 гр чери домати
  • 200 гр ориз
  • 50 гр песто
  • 400 мл пилешки булјон
  • 20 гр пармезан
  • 75 гр кашкавал со низок % на маснотии
Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете го пилешкото на коцки со големина на залак, поделете ја брокулата на помали цветчиња и измијте ги чери доматите.

Ставете го пилешкото, оризот, брокулата, доматите и пестото во голем сад за печење. Прелијте го со булјонот и добро измешајте за сите состојки рамномерно да се распределат.

Рамномерно посипете го ренданиот пармезан по површината, а потоа распоредете го ренданиот кашкавал со низок % на маснотии за да формира златна кора за време на печењето.

Цврсто покријте го садот со алуминиумска фолија и печете 45 до 50 минути, додека оризот не омекне и не ја впие речиси целата течност.

Отстранете ја фолијата и вратете го садот во рерна уште 10 минути, за кашкавалот да добие убава златна боја и малку крцкава кора.

Оставете го пилафот да отстои неколку минути, потоа поделете го на четири еднакви порции и послужете додека е топол.

Тагови
реклама

Рецепти

Шпагети ала путанеска - готови за помалку од половина час

Read more

Трик за сечкање лук: Додадете малку од една состојка и сечкањето ќе биде многу полесно

Read more

Леќа со кари без месо: Рецепт за вкусен ручек на малку поинаков начин

Read more

Вкусно лиснато со банана и чоколадо: Едноставен десерт готов за 20 минути

Read more

Магазин

  • play_arrow

Шпагети ала путанеска - готови за помалку од половина час

Читај повеќе

Може ли какаото да ви го подобри расположението? 

Читај повеќе

Каде ќе пливате во најчисто море во Европа?

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога прескокнувате оброк?

Читај повеќе

Кои знаци од кинескиот хороскоп ги очекува животен џекпот од 19 август?

Читај повеќе

Французин копал дупка за базен и нашол злато вредно 800.000 евра

Читај повеќе

Колку кафиња дневно прават штета на бубрезите?

Читај повеќе

Кога протеините може да предизвикаат подуеност?

Читај повеќе

Трик за сечкање лук: Додадете малку од една состојка и сечкањето ќе биде многу полесно

Читај повеќе