Сочните пилешки медалјони во сос од кикиритки се готови за половина час.
Брз ручек со пилешко во сос во само едно тавче, кој има вкус како да сте во азиски ресторан. Без похување, без долга подготовка - само неколку состојки и готово за половина час.
Користете мазен, незасладен путер од кикиритки – тој дава најчист вкус без додадени ароми.
Потребни состојки:
- 400 гр пилешко филе (или батак без коски)
- сол
- бибер
- 1 лажица масло
за сосот:
- 2 лажици путер од кикиритки
- 1 лажица соја сос
- 1 лажица мед
- 1 чешне лук
- 1 лажичка оцет (или сок од лимон)
- 100 мл вода
- малку чили снегулки (опционално)
Подготовка:
Исечете го пилешкото на мали медалјони. Зачинете со сол и бибер и пржете кратко во масло додека не добие златно-кафена боја.
Во посебен сад измешајте ги сите состојки за сосот (лукот ситно исечкајте го). Мешајте додека не добиете мазна смеса. Кога месото ќе биде готово, намалете ја температурата и прелијте го со сосот. Гответе уште 5-7 минути додека не се згусне. По желба, посипете со сечкани кикиритки и свеж магдонос.
Ова јадење оди одлично со ориз, тестенини или печен зеленчук.