Посен рецепт на денот: Рибна чорба од ослич

Пробајте го овој рецепт за рибна чорба со ослич што ќе ја готвите дури и откако ќе заврши божикниот пост, бидејќи е толку вкусна.

Направете посна рибна чорба со ослич што ќе ви ја стопли душата и стомакот во овие студени денови. Сочните филети од ослич совршено се комбинираат со компири, домати и ароматични зачини.

Секоја состојка придонесува слоеви на вкус - кромидот и лукот додаваат арома, готовата мешавина од зачини ја нагласува природната сладост на рибата, а свежиот магдонос и лимонот додаваат допир на киселост и освежување.

Сервирана со крцкав домашен леб или варен ориз, оваа чорба е феноменален посен ручек кој ќе ги задоволи дури и најпребирливите членови на семејството.

Можете да користите и парчиња ослич со кожа и коски, но во тој случај оставете ја чорбата да крчка уште околу 10 минути, за рибата да биде целосно мека и сочна.

Потребни состојки:

(за 4 лица)

  • 60 мл растително масло
  • 1 кесичка микс зачини за рибна супа
  • 800 гр филе од ослич со кожа
  • 3 главици кромид
  • 500 мл доматно пире
  • 4 компири
  • 3 чешниња лук
  • 350 мл вода
  • сол
  • бибер
  • свеж сок од лимон
  • 1 шака свеж магдонос
Подготовка:

Одмрзнете ги филетите ослич. Загрејте го маслото во голема тава или тенџере. Додадете го сечканиот кромид и пржете на средна температура додека не стане проѕирен и омекне, мешајќи внимателно за да не изгори.

Во омекнатиот кромид додадете ги компирите излупени и исечкани на коцки, доматното пире и толчениот лук. Нежно промешајте и додадете ги филетите од ослич, рамномерно распоредени меѓу зеленчукот.

Истурете вода во тенџерето и додадете уште малку доматно пире по желба, така што сите состојки ќе бидат покриени со течност. Доведете сè до лесно вриење, потоа намалете ја температурата и варете на тивок оган 15-20 минути, додека компирите не омекнат и рибата не почне да се распаѓа.

Во мал сад измешајте ја мешавината од зачини за рибна супа со 50 мл вода додека не се направи мазна паста. Додадете ја во чорбата и оставете ја да крчка уште 5 минути.

Пробајте ја чорбата, додадете сол и бибер по вкус. Непосредно пред сервирање додадете неколку капки сок од лимон и наросете со свежо сечкан магдонос.

Сервирајте ја чорбата со парчиња топол леб или со гарнир варен ориз.

реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Рецепти

Рецепт за најдобра коленица во сос од сенф

Read more

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Треба ли да се додава масло кога се готви мелено месо?

Read more

Магазин

Видови пијалаци што треба да ги избегнувате ако сакате да го намалите внесот на шеќер

Читај повеќе

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Читај повеќе

Дали „крцкањето“ на прстите предизвикува артритис?

Читај повеќе

Неделен финансиски хороскоп до 11 октомври

Читај повеќе

Кога вашиот фрижидер троши многу повеќе струја отколку што треба?

Читај повеќе

Што ќе ви се случи во телото кога ќе престанете да пиете алкохол еден месец?

Читај повеќе

Бели или кафеави јајца: Дали бојата на лушпата открива кои се подобри?

Читај повеќе

Момчињата треба да ги учиме што е согласност многу порано отколку што мислите

Читај повеќе

Како да разликувате бронхитис од пневмонија?

Читај повеќе