Рецепт на денот: Паста со лосос, сушени домати и спанаќ

Лососот е една од намирниците што многу луѓе уживаат да ги подготвуваат, а оброците во едно тенџере одговараат на зафатениот животен стил и желбата за здрави, но практични оброци.

Авторката на книгата со рецепти Ејми Шепард сподели рецепт за едно од нејзините омилени јадења со лосос на нејзиниот TikTok. При подготовка на ова јадење, сите состојки одат во иста тава, а за кожата на лососот да биде крцкава, клучно е да го исушите лососот со хартиена крпа пред печење.

Потребни состојки:

масло за пржење
четири филети лосос
една лажица црвен пипер
една лажица масло
ситно сечкан кромид
две сечкани чешниња лук
60 грама свеж спанаќ
сушени домати
300 милилитри павлака за готвење
300 милилитри пилешка супа
50 грама свежо рендан пармезан
една лажица свежо сечкани билки
сол и свежо мелен бибер

400-500 грама тестенини таљатели

Подготовка:

Исушете ги филетите од лосос со хартиена крпа, додадете сол, бибер и посипете со црвен пипер. Во големо тавче загрејте го маслото на средна температура. Печете го лососот неколку минути од секоја страна додека не стане крцкав. Извадете го лососот од тавчето и оставете го настрана.

Во истотот тавче додадете го кромидот и гответе додека не омекне. Додадете го лукот и гответе уште една минута. После тоа, додадете го спанаќот и сушените домати. Додадете ја павлаката за готвење и пилешката супа во тавчето. Оставете да се готви неколку минути додека сосот не се згусне. Додадете рендан пармезан и свежи билки. Додадете сол и бибер по желба.

Вратете ги филетите од лосос во тавата со сосот, па додадете ги тестенините кои сте ги свариле ал денте во посолена вода.

реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Рецепти

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Read more

Зошто лукот е омилен додаток во многу солени јадења?

Read more

Рецепт за најдобра коленица во сос од сенф

Read more

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Read more

Магазин

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Читај повеќе

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Читај повеќе

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Читај повеќе

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Читај повеќе

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Читај повеќе

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Читај повеќе

Принцот Хари откри дека паднал во депресија по преселбата во Канада

Читај повеќе

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Читај повеќе

6 митови со кои често се соочуваат новите родители

Читај повеќе