Рецепт на денот: Пилешки батаци со мед, компири и моркови печени во рерна

Пилешкото може да се подготви на безброј начини, а со само неколку едноставни додатоци, лесно се претвора во совршен ручек.

Еден таков рецепт се пилешките батаци со компири и моркови – јадење што се подготвува во еден сад и се одликува со ароматичен, слатко-лут сос. Во продолжение е рецептот за овој едноставен оброк.

Состојки:

Пилешко и зеленчук:

- 8 пилешки батаци
- 1 лажичка сол
- ½ лажичка црн бибер
- 1 лажичка суво оригано
- 2 лажици маслиново масло
- 20 г путер
- 3 моркови
- 600 г компири
- 3 чешниња лук
- Една рака свеж магдонос

За сосот:

- 3 лажици мед
- 4 лажици слатко-лут сос
- Сок од половина лимон
- 2 лажици соја сос
- 1 лажица сенф

Подготовка:

Измијте ги пилешките батаци и добро исушете ги со кујнска хартија, а потоа зачинете ги со сол, бибер и суво оригано. Додадете малку маслиново масло и втријте ги зачините за рамномерно да се распоредат по месото.

Излупете ги компирите (по желба) и исечете ги на поголеми парчиња. Исечете ги морковите на кругови или на подебели стапчиња. Ситно исечкајте ги лукот и магдоносот. Загрејте ги маслиновото масло и путерот во голема, длабока тава или во тава погодна за печење во рерна. Додадете ги пилешките батаци и пржете ги на умерено силен оган околу пет минути од секоја страна, додека кожата не добие златно-кафеава боја и не стане крцкава.

Извадете ги запржените батаци од тавата и оставете ги настрана. Не ја фрлајте маснотијата и соковите што останале во тавата, бидејќи тие ќе го збогатат вкусот на зеленчукот.

Додадете ги морковите и компирите во истата тава и пропржете ги неколку минути во стопената пилешка маст и соковите. Повремено мешајте и продолжете со готвењето додека зеленчукот не почне да омекнува. Потоа, додадете ги лукот и магдоносот и пржете сè заедно уште една минута. Внимавајте лукот да не изгори, бидејќи може да стане горчлив. За да го подготвите сосот, измешајте ги медот, слаткиот чили-сос, сокот од лимон, соја-сосот и сенфот. Мешајте додека сите состојки убаво не се соединат и смесата не стане мазна. Додадете повеќе сок од лимон ако сакате поизразен киселкаст вкус или употребете повеќе чили-сос за полута варијанта.

Вратете ги запечените пилешки батаци во тавата и распоредете ги меѓу зеленчукот. Прелијте сè со подготвениот сос, внимавајќи пилешкото и зеленчукот добро да се обложат со него.

Ставете ја тавата во рерна претходно загреана на 200°C и печете околу 30 минути. Јадењето е готово кога пилешкото е целосно испечено, компирите се меки, а сосот е густ и благо карамелизиран. Ако сакате дополнително крцкава кожичка, можете да ја вклучите функцијата за грил неколку минути пред крајот на печењето. Сепак, внимавајте, бидејќи медот во сосот може брзо да загори.

Послужете го пилешкото веднаш, заедно со печените компири и моркови, и прелијте го месото со уште малку од сосот од тавата. Едноставна свежа салата одлично одговара со ова јадење. 

Пријатно јадење!

Тагови
реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Рецепти

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Read more

Зошто лукот е омилен додаток во многу солени јадења?

Read more

Рецепт за најдобра коленица во сос од сенф

Read more

Магазин

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Рецепт за највкусната салата од зелка

Читај повеќе

„Тешко е да се живее со депресија“ – пациентите од Клиниката за психијатрија со пораки до јавноста

Читај повеќе

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Читај повеќе

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Читај повеќе

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Читај повеќе

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Читај повеќе

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Читај повеќе

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Читај повеќе