Совршена крцкава закуска за пикник: Направете пица од лиснато тесто

Ако барате брза и вкусна пица која е совршена за пикник или брз ручек за целото семејство, оваа пица е вистинскиот избор.

Со совршено крцкава кора и богат фил, ќе ги воодушеви сите. Со едноставни состојки, оваа пица можете да ја подготвите за кратко време, а покрај овие, можете дополнително да ја наполните со состојки по ваш избор.

Потребни состојки:
  • 500 гр лиснато тесто
  • 200 гр салама (вид по избор)
  • 200 гр кашкавал (вид по избор)
  • 1 лажичка оригано
  • 6 лажици доматен сос
  • 1 јајце за премачкување
Подготовка:

На набрашнета површина тенко расукајте го лиснатото тесто, а потоа исечете го на триаголници или коцки. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200°C и обложете кружен плех со хартија за печење.

Изматете го јајцето во сад, а потоа премачкајте го тестото со доматен сос. Одозгора ставете прво кашкавал, па салама и наросете со оригано (и сол соколку кашкавалот не е доволно солен). Превиткајте го тестото, свиткајте ги рабовите и притиснете ги за да се запечатат. Конечно, избоцкајте ја пицата со вилушка и премачкајте ја со јајцето. Ставете ја пицата во рерна и печете ја околу 20 минути, додека не добие златнокафена боја. Сервирајте додека е сè уште топла и крцкава.

Тагови
реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Read more

Рецепти

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more
 

Магазин

Една навика пред спиење може многу да го отежни заспивањето

Читај повеќе

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Читај повеќе

Тесла ја одбил најубавата жена на своето време: Бракот не ме интересира, јас одамна сум оженет за науката

Читај повеќе

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Читај повеќе

Прекумерната тежина е сериозен ризик фактор за рак на матката

Читај повеќе

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Читај повеќе

Колку вода треба да пиете дневно за да ослабете?

Читај повеќе

Колку треба да трае сексот? Подолго отколку што си мислите

Читај повеќе

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Читај повеќе