Традиција на чинија: Кадаифот е десерт кој внесува крцкавост и сочност во секој залак

Кадаифот е десерт што ги комбинира традицијата и уживањето. Крцкавите тестенини, богатиот фил и шербетот создаваат десерт на кој е тешко да се одолее. Идеален е за оние моменти кога сакате нешто посебно, а сепак познато.

Многу е полесен за подготовка од баклавата, па ако сакате традиционален десерт, кадаифот е добра опција.

Овој благ специјалитет потекнува од Блискиот Исток, а денес е традиционален во сите земји што биле во состав на поранешното Отоманско Царство, некои дури развиле и свои верзии.

Потребни состојки:
  • 300 гр кадаиф тестенини
  • 200 гр путер
  • 300 гр сечкани ореви
  • 1 кг шеќер
  • вода
  • 4 парчиња лимон
Посготовка:

Ставете го путерот во мало тенџере и загревајте го на тивок оган додека не се растопи. Во меѓувреме, исечкајте ги оревите, но не целосно. Треба да оставите малку поголеми парчиња.

Истурете половина од кадаифот во длабока тава и распоредете го. Прелијте една третина од растопениот путер врз него. Потоа распоредете ги оревите врз кадаифот. Земете го остатокот од кадаифот и распоредете го врз тавата. Притиснете сè лесно со рацете за подобро да се залепи, а потоа прелијте го со остатокот од растопениот путер.

Загрејте ја рерната на 180 степени, а потоа ставете ја тавата внатре. Кадаифот се пече околу еден час, а ако имате силна рерна, намалете ја температурата на 160 степени.

Додека се пече кадаифот, подгответе го густиот шербет. Истурете го шеќерот во голема тава. Кога додавате вода, важно е нивото да биде еден сантиметар над шеќерот. Значи, натопете го шеќерот и додадете вода до висина од еден сантиметар. Додадете го лимонот.

Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе уште 15 минути. Потоа тргнете го тенџерето од оган додека кадаифот не се свари. Кога кадаифот ќе биде готов, извадете го од рерна и оставете го да се олади некое време. Потоа прелијте ја топлиот шербет врз колачот неколку пати.

Вратете дел од шербетот на шпоретот за повторно да се загрее, а потоа прелијте го врз кадаифот. Најдобро би било кадаифот да се олади на собна температура преку ноќ.

По желба можете да го украсите со мелени ореви или ф'стаци.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Рецепти

Направете неодоливи чоколадни колачиња полнети со кокос

Read more

Рецепт на денот: Сочно пилешко во маринада со босилек и лук

Read more

Канелони со спанаќ и урда: Толку се вкусни што ќе ги правите речиси секоја недела

Read more

Рецепт за италијанската пеницилин супа што го полуде TikTok

Read more
 

Магазин

ChatGPT не го бива за поставување дијагнози

Читај повеќе

Како да препознаете дека вашата врска е во криза?

Читај повеќе

Најчестите грешки што ги правиме со собните растенија во ладните месеци

Читај повеќе

Што се менува во телото кога редовно внесувате витамин Е?

Читај повеќе

Криза на „машкоста“: Како инфлуенсерите „дебело“ заработуваат лажејќи ги младите мажи?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Читај повеќе

Зошто германските овчари се една од најпочитуваните раси?

Читај повеќе

Повеќето жени над 40 години не внесуваат доволно еден клучен витамин

Читај повеќе

Направете неодоливи чоколадни колачиња полнети со кокос

Читај повеќе