Според изборот на магазинот People за 2025

Деми Мур е најубава во светот

Годинешната титула за најубава личност во светот според магазинот People ја понесе познатата актерка Деми Мур (62).

Од 1990 година, магазинот People ги избира најубавите луѓе во светот со цел да ги приближи своите читатели до познатите личности кои ги кршат стереотипите за убавината и инспирираат со личен пример. Во овој престижен избор низ годините се појавија бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои првата ѕвезда на насловната страница - Мишел Фајфер, а подоцна и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други.

По големиот успех во филмот The Substance во кој толкува жена опседната со вечната младост, Деми за магазинот People проговори за нејзиниот поглед на убавината.

„Убавината е автентичност и позитивност. Тоа е чувството на удобност во сопствената кожа“, рече Мур.

Исто така, Деми истакна дека по години поминати под притисок да изгледа совршено, конечно нашла поздрав и порелаксиран однос кон сопственото тело и живот. Таа рече дека вистинската убавина не е во годините или изгледот, туку во тоа да бидете свои и да се грижите за себе со љубов.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by People Magazine (@people)

Минатата година оваа ласкава титула ја понесе актерката Софија Вергара (51), која исто така отворено зборуваше за предизвиците и личниот раст.

„Животот не бил отсекогаш лесен, но никогаш не сум се чувствувала посилна“, изјави Вергара.

Таа додаде дека мудроста доаѓа со годините и дека денес помалку се грижи што мислат луѓето за неа.

За потсетување, магазинот Time неодамна состави листа на 100 највлијателни луѓе во 2025 година, а во неа се вклучени личности од различни сфери на активност.

На листата во категоријата „икона“ се издвојува актерката Деми Мур, која годинава првпат беше во трка за Оскар за главна улога, но и покрај предвидувањата не го освои. Сепак, пред Оскарите за истата улога доби и Златен глобус.

Тагови
реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Стил

Трансродовата ќерка на Маск позираше за брендот за долна облека на Ријана

Read more

Колекцијата I Want My MTV на „Алшар“ е љубовно писмо до модниот дух на 80-тите

Read more

10 години Zanov: Зрелост, слобода и смелост да се создава автентично

Read more

ЏАН – модната магија на Ирина Тошева што ги спојува традицијата и современоста

Read more
 

Магазин

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Читај повеќе

Зошто срцевите удари се почести во текот на зимските месеци?

Читај повеќе

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Читај повеќе

Кога крцкањето на колената е опасно и треба да одите на лекар?

Читај повеќе

Дали е во ред да пиете кафе кога имате грип?

Читај повеќе

Прогласена најдобрата мачка во светот

Читај повеќе

Дали подгреаните тестенини се поздрави од тазе зготвените?

Читај повеќе

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Читај повеќе

Што се случува со крвниот притисок кога пиете вода?

Читај повеќе