Енди Мекдауел се појави на премиерата на филмот Mission: Impossible – The Final Reckoning на 78. Кански фестивал и привлече најголемо внимание со своите модни избори - заслужено!
Познатата актерка Анди Мекдауел беше една од многуте ѕвезди на црвениот тепих на Канскиот фестивал, а за нејзините модни изданија ќе се зборува уште долго време.
Иако Кан воведе забрана за „голи фустани“ за годинашното издание на фестивалот, многу ѕвезди не ги испочитуваа правилата, но Мекдауел им одржа вистинска модна лекција.
На премиерата на филмот Mission: Impossible – The Final Reckoning таа се појави во класичен црн смокинг. Со ова, таа ги задоволи сите ставки во дрес кодот и покажа дека навистина е дама со стил, па затоа привлече најголемо внимание со причина.
Претходно, таа пристигна во Кан во дневна комбинација со која исто така покажаа стил и скромност – блесна во креација на Даниел Роузбери за Schiaparelli.