Ева Херцигова се омажи по 25 години врска

Познатата манекенка Ева Херцигова (53) се омажи за својот долгогодишен партнер, италијанскиот бизнисмен Грегори Марсијаж, по 25 години врска.

Херцигова блескаше во лелеава бела тоалета и беше фотографирана во Торино како пристигнува на свадбата.

Во придружба на нивните три сина, Џорџ, Филипе и Едвард, заедно со тесен круг роднини и пријатели, Ева и бизнисменот Грегорио разменија завети во црква, по што следеше граѓанска церемонија и интимна вечера.

@revista_hola La supermodelo Eva Herzigova, una de las top más aclamadas de los 90 y 2000 tras alcanzar la fama gracias al mítico anuncio de Wonderbra✨, se ha dado el 'sí, quiero' 💍 con el empresario italiano Giorgio Marsiaj, después de 25 años de relación y tres hijos en común. La boda ha tenido lugar este sábado, 11 de julio, en Turín💒. 🖇️Más información en HOLA.com #EvaHerzigova #GiorgioMarsia ♬ sonido original - Revista ¡HOLA!

Парот се запозна во 2001 година, а се свршија во 2017 година.

Ева претходно беше во брак со тапанарот на „Бон Џови“, Тик Торес, во 1996 година, но парот се разведе две години подоцна.

Иако по првиот развод изјави дека не планира повторно да се мажи бидејќи бракот „го попречува развојот на врската“, италијанскиот бизнисмен очигледно успеа да ја премисли. 

Моделот постојано нагласуваше дека тајната на нивната долгогодишна љубов е тоа што си даваат слобода еден на друг, но и во огромната поддршка што таа ја имала во текот на сите години од нивниот заеднички живот.

Ева Херцигова, која стекна светска слава во 1990-тите како едно од лицата на брендот Wonderbra и култен супермодел, започна ново поглавје во својот живот со оваа интимна прослава во Италија.

реклама

Стил

Ехо на традицијата: Модерна чанта инспирирана од мијачкото свадбарско знаме

Read more

Македонскиот дизајнер Никола Петровски одбележа 30 години творештво со ревија во Црна Гора

Read more

Ева Херцигова се омажи по 25 години врска

Read more

Латино дивата знае како да привлече внимание: Деколтето на Џеј Ло го „освои“ Париз

Read more

Магазин

  • play_arrow

Шпагети ала путанеска - готови за помалку од половина час

Читај повеќе

Може ли какаото да ви го подобри расположението? 

Читај повеќе

Каде ќе пливате во најчисто море во Европа?

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога прескокнувате оброк?

Читај повеќе

Кои знаци од кинескиот хороскоп ги очекува животен џекпот од 19 август?

Читај повеќе

Французин копал дупка за базен и нашол злато вредно 800.000 евра

Читај повеќе

Колку кафиња дневно прават штета на бубрезите?

Читај повеќе

Кога протеините може да предизвикаат подуеност?

Читај повеќе

Трик за сечкање лук: Додадете малку од една состојка и сечкањето ќе биде многу полесно

Читај повеќе