„Фустанот за одмазда“ на принцезата Дијана ќе се продава на аукција

„Фустанот за одмазда“ на принцезата Дијана, кој го носеше ноќта кога принцот Чарлс призна дека ја изневерил, ќе биде понуден на аукција во декември.

Оваа аукција исто така значи дека за прв пат по речиси 30 години овој фустан, креација на грчката дизајнерка Кристина Стамболијан, ќе биде достапен за купување.

Принцезата Дијана го носеше фустанот на добротворна вечера во 1994 година во галеријата Serpentine во Лондон, истата вечер кога принцот Чарлс призна на националната телевизија дека ја изневерил Дијана за време на нивниот брак.

Британскиот кралски пар се раздели во 1992 година, а разводот беше финализиран во 1996 година. Во 1997 година, принцезата Дијана го продаде фустанот за околу 40.000 фунти за да собере средства за добротворни организации кои им помагаат на луѓето со рак и СИДА.

Два месеци подоцна, принцезата Дијана почина во сообраќајна несреќа во Париз. Парот што го купи фустанот во 1997 година, Бриџ и Греам Мекензи, го искористија за собирање средства за добротворни организации низ Шкотска, пишува The Washington Post.

„Се надевам дека ќе заврши во рацете на некој што ќе ужива што го има колку што уживавме и ние“, рече Бриџ Мекензи.

Црниот фустан ќе биде изложен низ целиот свет, со изложби во Лондон, Хонгконг и Женева пред да пристигне во Њујорк на аукција во живо на 9 декември. Се проценува дека фустанот би можело да достигне цена помеѓу 150.000 и 300.000 долари.
 

реклама

Стил

Почина Пресли Гербер, синот на Синди Крафорд

Read more

„Фустанот за одмазда“ на принцезата Дијана ќе се продава на аукција

Read more

Ехо на традицијата: Модерна чанта инспирирана од мијачкото свадбарско знаме

Read more

Македонскиот дизајнер Никола Петровски одбележа 30 години творештво со ревија во Црна Гора

Read more

Магазин

Дали треба да вежбате кога имате воспаление на мускулите?

Читај повеќе

Алерголог советува што почесто треба да менувате во спалната соба

Читај повеќе

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Читај повеќе

Од аеродром до центар за само 15 минути: Најдобрите градови за кратко есенско патување

Читај повеќе

Како Италијанците почнале да пијат кафе секој ден: Од еспресо до ритуал што трае над 100 години

Читај повеќе
  • filter

Дали балканските лидери се сликале со картонски Доналд Трамп во Њујорк?

Читај повеќе

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет есенски комбинации на храна за посилен имунитет

Читај повеќе