Неправилното користење на пеглата за коса може да го оштети влакното и убавата фризура за еден ден да резултира со испукана и нездрава коса што тешко ќе ја вратите во живот.

Покрај средствата за заштита на влакното што треба задолжително да ги користите пред и по употреба на пегла или фигаро, исто така е важна температурата на која ја пеглате косата.
Ако ја ставите пеглата/пресата за коса на највисока темепратура нема да го добиете саканиот ефект и ќе имате само лоши последици. Не ви е потребна темепратура повисока од 185 степени Целзиусови, бидејќи во спротивно ќе направите вертикални пукнатини на влакното што ќе продолжи да пука нагоре.
Пеглајте ја косата најмногу на 185 степени и повторете ги движењата за да ги добиете саканите резултати. Мит е дека со повеќе повторувања повеќе се оштетува косата. Високата температура е она што го пука влакното, па одвојте време за да ја средите косата наместо да ја „изгорите“ за 5 минути.
Истото важи за секој тип на коса. За виткана коса не ви треба повисока температура, само повеќе време.
Исто така, секогаш пеглајте ја косата сува, бидејќи мокрото влакно полесно се оштетува на висока темепратура.