Некои стилови никогаш не излегуваат од мода, а оној кој се врати во живот оваа сезона е леопард дезенот.

Овој смел дезен или го сакате, или нем ама едно е сигурно - никогаш не бил резервиран само за една модна ера и секогаш се враќа на листата на актуелни трендови.
Модните парчиња со овој дезен ги популаризираа стилските икони Мерлин Монро и Џоан Крафорд, а стилот продолжи и денес кога можеме да го видиме на бројни модни икони.
Додека некои сметаат дека овој модел стил е тежок за носење, со правилен избор лесно се вградува во секојдневните комбинации.
Доколку не сте спремни да облечете фустан со леопард принт, панталони или капут, совршен начин да го носите е преку чевли кои ќе додадат доза на гламур и карактер на секој аутфит, без претерано експериментирање.
Од штикли, балетанки или мокасини, можете да добиете сè што ви треба за беспрекорен аутфит со еден детаљ - обувки со овој дезен.
Посебен хит се салонките со леопард дезен, без разлика на висината на потпетицата. Ако ги комбинирате со едноставни парчиња како црни панталони, бела кошула или мал црн фустан, нема да погрешите.
Меѓутоа, доколку сакате да додадете малку повеќе карактер на вашиот аутфит, комбинирајте ги со oversize сако, кошула или впечатлива чанта во светла боја. Идеално ќе се вклопи и со тексас комбинации кои, без разлика дали ќе изберете темен или светол тексас, уште повеќе ќе се истакнат.
Љубителите на модата во уличниот стил покажаа дека овие чевли не се само за специјални пригоди - ако ги комбинирате со лежерни фармерки и обична памучна маичка, ќе добиете совршен баланс помеѓу софистициран и лежерен изглед, кој може да биде одличен избор и за деловен изглед.

Запомнете - помалку е повеќе за работа, бидејќи едно впечатливо парче е доволно за да го подигнете целиот аутфит на следното ниво.
Доколку, сепак, преферирате удобност, мокасините или балетанките со леопард дезен се идеалниот избор. Носете ги со фармерки кои можете да ги комбинирате со едноставен џемпер или класичен беж мантил.

За изглед кој зрачи со париски шарм и софистицираност, можете да ги комбинирате со сатенско здолниште, додека овој аксесоар ќе ги „разбие“ полежерните комбинации, давајќи им примеси на елеганција.

Леопард принтот одлично оди со бои како смарагд зелена или вино, додека целата естетика можете да ја подигнете на следното ниво со ремен во ист тон како чевлите или накитот, по можност во златна боја.