Колекцијата I Want My MTV на „Алшар“ е љубовно писмо до модниот дух на 80-тите

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 30.12.2025 / 13:40

Носталгијата повторно станува тренд, но во рацете на „Алшар“ таа добива модерен пулс што вибрира во ритамот на синт-попот и неонските светла од осумдесетите.

Со зимската колекција I Want My MTV, дизајнерката Силвија Михајловска не нè враќа во минатото, туку создава мост помеѓу младешката енергија на едно златно време и динамиката на денешницата. Поводот е симболичен – крајот на емитувањето на MTV како културен феномен што ја обликуваше цела генерација. Таа го претвора овој емотивен момент во моден омаж на храбрите силуети, драматичните раменици и заводливата естетика што ги слави индивидуалноста и креативниот бунт. Колекцијата е визуелен приказ на звук, боја и текстура – совршено темпирана ретроспектива на времето кога модата и музиката зборуваа со исто срце.

„На крајот на оваа 2025 година  музичкиот канал МТV за жал ќе престане со емитување на програма. Музиката отсекогаш била важен дел од мојот живот, а MTV го обележа моите тинејџерски години во осумедестите. Зимската колекција I Want my MTV на Алшар е посветена токму на овој период од мојот живот и директно е инспирирана од музичките спотови од осумдесетите години, како на пример  Depeche Mode, Banananarama, Madonna,  Sade, Duran Duran, Spandau Ballet... Самото име на колекцијата е извадено од песната на Dire Straits, a го пее Sting, со чие видео е започнато емитувањето на МТV Europe“, вели дизајнерката зад брендот „Алшар“, Силвија Михајловска.

Колекцијата I Want My MTV е љубовно писмо до модниот дух на осумдесетите, но прераскажано на современ визуелен јазик. Силвија Михајловска мајсторски балансира меѓу препознатливиот гламур на тие години и денешната минималистичка префинетост. Иглата и конецот тука раскажуваат приказна за слобода, индивидуалност и нескротлива женственост што не се плаши од сцена. Црната и цикламата создаваат ударен визуелен дијалог, додека црвената и сивата ги омекнуваат контурите и додаваат зрелост.

Пеперутка-ракавите и нагласените раменици повикуваат на концертна сцена под светлата на рефлекторите, но конструирани се со чувствителност што им дава носливост и софистицираност. Металните детали, кадифето и чипката додаваат допир на еклектична романтика – препознатлив печат на Михајловска. Фотосесијата со Ана Ежова, за која мејкап артист беше Виктор Мирчевски, ја доловува токму таа енергија: жена која звучи како музика и изгледа како икона. I Want My MTV е повеќе од колекција – тоа е визуелна плоча на една генерација што веруваше дека стилот не е само облеката што ја носиме, туку културен амалгам на времето во кое живееме.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Стил

Зошто сите објавуваат фотки од 2016 година: Трендот што го освои интернетот

Read more

Трансродовата ќерка на Маск позираше за брендот за долна облека на Ријана

Read more

Колекцијата I Want My MTV на „Алшар“ е љубовно писмо до модниот дух на 80-тите

Read more

10 години Zanov: Зрелост, слобода и смелост да се создава автентично

Read more
 

Магазин

ChatGPT не го бива за поставување дијагнози

Читај повеќе

Како да препознаете дека вашата врска е во криза?

Читај повеќе

Најчестите грешки што ги правиме со собните растенија во ладните месеци

Читај повеќе

Што се менува во телото кога редовно внесувате витамин Е?

Читај повеќе

Криза на „машкоста“: Како инфлуенсерите „дебело“ заработуваат лажејќи ги младите мажи?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Читај повеќе

Зошто германските овчари се една од најпочитуваните раси?

Читај повеќе

Повеќето жени над 40 години не внесуваат доволно еден клучен витамин

Читај повеќе

Направете неодоливи чоколадни колачиња полнети со кокос

Читај повеќе