Модни совети: Како да носите сако како парижанка оваа пролет?

Овој моден водич е сè што ви треба за да изгледате беспрекорно во наредните месеци.

Со децении, сакото зазема почесно место во секоја гардероба - од строга канцелариска класика, преку симболиката на power dressing до незаменливо парче во уличниот стил на модните икони.

Сепак, со доаѓањето на пролетта, строгата форма на сакото добива понежен, порелаксиран карактер, особено кога се комбинира на начин на кој тоа го прават парижанките - со примеси на лежерност и шарм без трошка претенциозност.

Во продолжение ви претставуваме пет стилски трикови кои на секое сако ќе и дадат доза пролетна леснотија, свежина и неодолива софистицираност.

1. „Less is more“ со класична бела маичка

Французинките сакаат класични комбинации кои никогаш не излегуваат од мода. Сако над бела памучна маичка создава совршен баланс помеѓу свеченото и лежерното. Овој контраст дава модерен и свеж изглед, без впечаток на строгост.

2. Играње со пропорции

Заборавете на строго скроените сакоа. Оваа сезона доминираат моделите со „преголем“ крој, спуштени раменици и подолг крој. Во комбинација со тесни панталони, миди-здолниште или дури и шорцеви, овие сакоа визуелно ја издолжуваат фигурата и изгледаат модерно, но и опуштено.

3. Сако + добри фармерки = секогаш добитна комбинација

Ако постои еден моден трик кој никогаш не разочарува, тоа е комбинацијата на сако и класични сини фармерки. Прав крој, малку избледени, во комбинација со сако во пастелни нијанси или беж тонови - резултатот е изглед кој зрачи со свежина и безвременска елеганција.

4. Додатоци кои „омекнуваат“

Малите детали често прават голема разлика. Свилените марами околу вратот, чевлите со ниски потпетици, чантите од кожа во боја на коњак или златниот накит со минималистички дизајн внесуваат топлина и женственост во класичното сако, бришејќи ја секоја трага на строгост.

5. Лелеави материјали за помек изглед

Французинките знаат колку е важно ткаенината да „раскажува приказна“. Сакоата направени од лен, памук или дури и сатен го прават целокупниот изглед прозрачен и природен, идеален за сончеви денови и вечерни прошетки.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Стил

10 години Zanov: Зрелост, слобода и смелост да се создава автентично

Read more

ЏАН – модната магија на Ирина Тошева што ги спојува традицијата и современоста

Read more

Моќната порака зад зелениот фустан на Меланија за средбата со саудискиот принц

Read more

„Вечност“ на Стефанија Насеска Попадинец – кога историјата дише преку модата

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе