Облините во прв план: Ешли Греам позираше во чипкана долна облека

Американскиот модел Ешли Греам позираше за новата кампања на Victoria's Secret и доби бројни комплименти за својот изглед.

Меѓу другото, таа позираше во боди од чипка и проѕирен градник. Нејзините облини беа во преден план. Таа сподели и видео во кое покажа каква е атмосферата на сетот на кој присуствуваа и нејзините деца.

„Излезе мојата кампања за Victoria's Secret. Има еден куп меки, растегливи парчиња. Не би имала ништо против да ги добијам како подарок“, напиша таа.

„Најубавата манекенка на сите времиња“, „Толку си убава“, „Секси мама“, „Ти си таа“, се дел од комплиментите кои ги доби на Instagram.

 

Victoria's Secret соопшти дека долната облека што ја произведуваат им нуди на мајките разновидност и удобност и ги поттикнува да се чувствуваат секси и самоуверени.

Потсетуваме, Греам се појави на ревијата на споменатиот бренд во октомври минатата година. Потоа призна дека се двоумела околу оваа понуда бидејќи Victoria's Secret бил познат како бренд наменет само за слаби жени.

„Морам да бидам искрена, кога ме контактираа Victoria's Secret, се двоумев. Овој бренд со години не е посветен на луѓе како мене. Нивната визија за убавина изгледаше ограничена, како сè што правеа да беше наменето само за еден тип на тело, кој не е мојот“, изјави меѓу другото таа.

Ешли и нејзиниот сопруг Менелик Џовани го добија синот Исак во 2020 година. Две години подоцна ги добија близнаците Малахи и Роман.

реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Стил

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Read more

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Read more

Ѕвездите воодушевија во раскошни фустани на отворањето на Големиот египетски музеј во Гиза

Read more

Што ќе донесе 31. сезона на Моден викенд Скопје?

Read more
 

Магазин

Како да препознаете хроничен стрес: 6 симптоми на кои треба да обрнете внимание

Читај повеќе

Кралици на издржливоста: Растенија што успеваат дури и ако ги заборавите

Читај повеќе
  • play_arrow

Торта Југославија – слатко потсетување на едни добри времиња

Читај повеќе

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Три симптоми кои укажуваат на можни проблеми со црниот дроб

Читај повеќе

Популарен суплемент покажува загрижувачка врска со срцева слабост

Читај повеќе

Што да пиете наутро за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот?

Читај повеќе

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе