Надин Ајуб, која ја претставува Палестина на Мис Универзум годинава, пристигна во Тајланд за да се подготви за изборот.
Таа е првата Палестинка која ја претставува својата земја на ова натпреварување.
Таа гордо го кажа своето име на церемонијата и заслепуваше во сина креација со светки.
Таа се одлучи за брановидна коса и шминка која ѝ ги истакнува очите, а изгледот го комплетираше со обетки. Следеа бројни комплименти за нејзиниот изглед.
„Моќна“, „Многу сум горд што го гледам ова. Срцето ми навива за Палестина“, „Буквално блескаш“, „Слободна Палестина! Се надевам дека ќе победиш и веќе си кралица“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Мис Универзум ќе се одржи на 21 ноември во Тајланд. Македонија ќе ја претставува 24-годишната Иман Тотиќ, модел и ќерка на Мис на Македонија за 1996 година, Александра Петровска.
Круната на победничката ќе ѝ ја врачи минатогодишната победничка Викторија Теилвиг од Данска.
Покрај мисицата од Палестина, на Мис Универзум за прв пат ќе се појават и претставничка од Зелено'ртските Острови, како и модели од Мајот и Руанда. Надин Ајуб претходно изјави во интервју за AFP Dubai:
„Мораме да бидеме присутни на секоја меѓународна сцена. Мора да ја искористиме секоја можност да зборуваме за Палестина и да ја покажеме Палестина“.