Трансродовата ќерка на Илон Маск, Вивиан Џена Вилсон, позираше за новата колекција на брендот за долна облека на Ријана, „Love So Savage: A Modern Ode to Aphrodite“, која беше претставена како најава за Денот на вљубените.
Вивиан Џена Вилсон позираше за фотосесија со актерката Лови Симон и моделот Ема Арлета. Носеше цветен градник и мини здолниште, како и црвени хеланки. Изгледот го комплетираше со црвен кармин и обетки.
Планира да се занимава со манекенство. Прошета на ревија на Неделата на модата во Париз минатиот септември, а соработката со Ријана е важен чекор во нејзината кариера како модел.
„Афродита се придружи на разговорот. Нашата колекција за Денот на вљубените е сега достапна. Купете ја колекцијата за Денот на вљубените и пронајдете го вашиот совршен партнер“, се вели во описот на колекцијата.
Трансродовата ќерка на Маск постојано нагласуваше дека не е во добри односи со него. Претходно во интервју за Teen Vogue го нарече детинест и го критикуваше за неговото пријателство со американскиот претседател Доналд Трамп.
Потоа објави дека е финансиски независна. Неодамна прослави што достигна еден милион следбеници на Instagram и им се заблагодари на „милион геј луѓе“ што ја следат.