Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна во Македонија

Во периодот од 21-30 март 2026 година, Северна Македонија ќе биде домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“, која ќе обедини десет истакнати модни дизајнери од нордиско-балтичкиот регион и Северна Македонија. Обединети околу заедничката заложба за одржливост како долгорочна и суштинска практика, учесниците ќе создадат платформа за креативна размена, иновација и културен дијалог.

Учесници – дизајнери: Ане Шарлинг Тофт (Данска / Норвешка), Ана Рингстад (Норвешка), Јустина Семченкаите (Литванија), Тува Самуелсон (Шведска), Мико Пелтонен и Билел Сехли – HÄN (Финска), заедно со дизајнери од Северна Македонија - Андреа Атанасова, Ивона Мицановска, Ева Давкова, Марија Роглева и Солза Поповска. Ментор на резиденцијата е Ирина Тошева (Северна Македонија).

Проектот е организиран од Амбасадата на Шведска во Северна Македонија, во партнерство со Канцеларијата на Амбасадата на Литванија во Северна Македонија, Амбасадите на Данска, Финска и Норвешка во Србија и Македонското модно здружение, со поддршка од Нордискиот совет на министри.

„Амбасадата на Шведска во Скопје со гордост ја иницираше иницијативата што ги поврзува младите креативци од Нордиските, Балтичките и Балканските земји, со цел да поттикне промени за поголема одржливост во модната индустрија. Модните дизајнери отсекогаш биле на челната линија на иновациите и инспирацијата за идните генерации – преку оваа иницијатива ќе покажеме дека одржливоста и „зелените“ практики се современи, модерни и вистински насочени кон иднината.“, изјави Ола Сулстром, Амбасадор на Шведска во Северна Македонија.

Осмислена како интензивна и интеркултурна програма, резиденцијата комбинира онлајн подготвителна фаза со деветдневен престој во Северна Македонија. Преку заедничко истражување и практична креација, учесниците ќе ги истражуваат одржливите модни практики засновани врз еколошка одговорност, културно наследство, занаетчиство и современ дизајн.

Програмата вклучува курaторно патување низ Северна Македонија, поврзувајќи ги дизајнерите со локални занаетчии, традиционални техники на изработка и текстилни производствени капацитети. Дополнително, ќе се реализираат едукативни работилници во локални училишта со цел поттикнување на свеста за одржливост и креативна одговорност кај младите.

Резиденцијата ќе кулминира со заеднички креирана капсулна колекција и селектирани уметнички објекти, развиени преку соработка помеѓу нордиско-балтичките и македонските дизајнери. Финалните дела ќе бидат претставени преку изложба во рамки на Моден Викенд Скопје, кој ќе се одржи во периодот 27-29 март, 2026 година, истакнувајќи го трансформативниот потенцијал на одржливата и прекугранична соработка.

„Веруваме дека иднината на модата се создава преку соработка, храброст и одговорност. Оваа резиденција не е само креативна средба, туку простор каде различни култури, идеи и вредности се спојуваат за да создадат нова, поодржлива модна приказна за регионот и Европа“, изјави Светлана Богова Јовановска, претставник на Македонското модно здружение.

Со оваа иницијатива, резиденцијата има за цел да инспирира и охрабри нова генерација дизајнери од Западен Балкан активно да придонесат кон создавање позелена и поодговорна модна индустрија — индустрија длабоко втемелена во културниот идентитет и зајакната преку меѓународна соработка.

реклама

Стил

Најдобро облечените ѕвезди на црвениот тепих за Оскарите

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна во Македонија

Read more
 

Магазин

Почна сезоната на млад кромид: Неколку причини зошто треба почесто да го јадете

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе имаат огромен финансиски успех до 28 април 2026 година

Читај повеќе
  • filter

Куќа со 3 спални соби чини под 50.000 евра: Дали би се преселиле тука?

Читај повеќе

Колку калории треба да внесувате дневно?

Читај повеќе

За сите што постат: Посна паста болоњезе со леќа и ореви

Читај повеќе

Место каде што 120 години не е изградена нова куќа: Името звучи застрашувачки, но е случајност

Читај повеќе

Што треба да јадете веднаш по тренингот?

Читај повеќе

Колку треба да пешачите секој ден за здраво срце?

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 16 до 22 март: Што му носи на вашиот знак?

Читај повеќе