Фармацевтка предупредува за честа грешка што ја правиме со земањето витамини

Многу од нас чуваат различни витамини и додатоци во исхраната кои ветуваат разни здравствени придобивки, од подобар сон и поздрава коса до регулирање на варењето на храната. Но, фармацевтката Роџина Шамс Натери предупредува за честа грешка што може да направи повеќе штета отколку корист.

Во разговор за The Mirror, Натери, фармацевтка во Roseway Labs, објасни како многу луѓе, во нивната потрага по зајакнување на имунолошкиот систем, несвесно комбинираат повеќе производи со исти состојки, како што се цинк и витамини Ц и Б, што ги става во опасност од предозирање.

„Една од најчестите грешки што ги гледам е комбинирањето на зимски додатоци во исхраната што содржат исти состојки“, предупреди таа. „Можеби земате мултивитамин, препарат за зајакнување н имунитетот и дополнителен цинк или витамин Ц, и одеднаш, без ни да знаете, тројно сте го зголемиле внесот.“

Витамините не се безопасни

Некои луѓе претпоставуваат дека високите дози на витамини се безопасни, но Натери нагласува дека тоа не е вистина. Иако се продаваат без рецепт, витамините не треба да се земаат без претпазливост.

„Луѓето мислат дека витамините се безопасни бидејќи може да се купат без рецепт. Тоа едноставно не е вистина“, истакнува таа.

Како пример, таа го наведува цинкот, кој е корисен за имунитетот, но внесувањето повеќе од 9,5 мг дневно за мажи и 7 мг за жени може да се меша во апсорпцијата на бакар и всушност да го ослабне имунитетот со текот на времето. Слично на тоа, внесувањето на витамин Д над 100 микрограми (4.000 IU) може да ги зголеми нивоата на калциум во крвта на опасни нивоа. Таа додава дека витаминот А се задржува во телото, па затоа надминувањето на дозата од 1,5 мг (1.500 mcg) може да доведе до оштетување на црниот дроб со текот на времето.

Што се однесува до витаминот Ц, таа објасни: „Препорачаниот дневен внес во Велика Британија е 40 мг, а телото го користи помалку во повисоки дози. Кога внесувањето надминува 200 мг дневно, телото генерално го излачува вишокот витамин Ц.“

Можно влијание врз лековите

Фармацевтката, исто така, предупреди дека додатоците во исхраната можат да влијаат на ефикасноста на лековите што се издаваат на рецепт. 

„Калциумот, магнезиумот, железото и високите дози на витамин Ц можат да ја намалат апсорпцијата на антибиотици, лекови за тироидна жлезда и некои лекови за висок крвен притисок“, рече таа. 

„Ако земате лекови на рецепт, дури и краткорочно, секогаш консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да земете додаток.“

Што се препорачува да се зема?

Кога ја прашале што би било паметно да се зема, Натери има неколку препораки.

„Во текот на зимата, земањето витамин Д е разумно за повеќето возрасни. Омега-3 масните киселини со EPA и DHA го поддржуваат здравјето на мозокот и срцето, а магнезиумот може да помогне при проблеми со спиењето и мускулна напнатост“, советува таа.

Таа заклучи: „Додатоци во исхраната треба да го поддржуваат здравјето, а не да го заменат квалитетниот сон, балансираната исхрана и медицинскиот совет. Ако не сте сигурни, прашајте го вашиот фармацевт. Ова може да ви помогне да избегнете да направите повеќе штета отколку корист.“

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Топ 5 половни автомобили до 3.000 евра: Деловите лесно се наоѓаат, експертите и таксистите ги препорачуваат

Read more

Кошаркар висок 2,36 има просек од 0,5 скока, а бара договор од 3 милиони долари

Read more

Здравје

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Read more

Првиот симптом на тумор на мозок што не треба да го игнорирате

Read more

Даската од тоалетот ретко е најголемиот ризик: Каде всушност се кријат бактериите во јавните тоалети?

Read more

Здравствени симптоми кои жените никогаш не треба да ги игнорираат

Read more
 

Магазин

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Читај повеќе

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Читај повеќе

Првиот симптом на тумор на мозок што не треба да го игнорирате

Читај повеќе

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Читај повеќе

Даската од тоалетот ретко е најголемиот ризик: Каде всушност се кријат бактериите во јавните тоалети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Би пробале сладолед од ракови?

Читај повеќе

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Читај повеќе