Кардиолозите препорачуваат една кратка активност за здраво срце

Факт е дека многу одење секој ден е здраво, но понекогаш е доволно да одвоите минимално време за да се грижите за вашето здравје. На пример, само пет минути. Да, само пет минути се доволни за да почнете да живеете подобар живот и да се грижите за здравјето на целото ваше тело.

Група кардиолози истакнаа за порталот Parade дека кратката физичка активност што трае само пет минути може да помогне. Секако, таквата кратка активност нема да ги избрише негативните последици од седечкиот начин на живот или нездравата исхрана, но лекарите нагласуваат дека дури и малите навики можат да имаат големо влијание ако се практикуваат редовно.

Кардиолозите за Parade ја издвоија кратката прошетка како корисна активност за здравјето. Д-р Шан Куршид предупредува за штетноста од продолженото седење и истакнува: „Седечкиот начин на живот го зголемува ризикот од срцеви заболувања, дури и кај оние кои редовно вежбаат“. Тој верува дека е важно да се најде време во текот на денот за пократки движења, а не само за долги тренинзи.

И професорката по кардиологија д-р Ерика Спец истакнува дека пет минути физичка активност можат да имаат позитивен ефект не само врз телото, туку и врз умот.

„Во текот на работниот ден, помеѓу состаноците, одам на кафе или едноставно одам на прошетка. Ако не можам да излезам од канцеларија, правам неколку едноставни вежби зад моето биро. Дома, го носам кучето на брза прошетка“, објаснува таа.

Редовното одење ја подобрува циркулацијата, го намалува крвниот притисок и лошиот холестерол (LDL) и го намалува ризикот од дијабетес тип 2 и дебелина. Прошетките се добри и за мозокот. Спец истакнува дека физичката активност помага во регулирањето на лимбичкиот систем, кој е одговорен за емоциите.

„Кога лимбичкиот систем е во рамнотежа, полесно донесуваме рационални одлуки. Тоа е непроценливо, без разлика дали на работа или дома“, додава таа.

Експертите препорачуваат да шешачите тие пет минути со брзо темпо, односно доволно интензивно за да ви се забрза дишењето, но сепак да можете да зборувате кратки реченици. Ова темпо го забрзува срцевиот ритам и ја подобрува циркулацијата.

За оние кои мислат дека немаат време да се движат, д-р Спец има неколку практични совети: „Наместо состаноци што траат цел час, закажете ги за 45 минути. Искористете ги преостанатите 15 минути за прошетка. Вашите колеги ќе ви бидат благодарни, а вие ќе направите нешто добро за вашето здравје.“

Д-р Куршид се согласи, додавајќи дека дури и телефонскиот повик може да биде можност за прошетка, сè што треба да направите е да станете и да се движите.

реклама

Истрагата за падот на кобниот Boeing се врти околу едно клучно прашање

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Трик како вашиот дом секогаш да мириса убаво

Read more

Израел го нападна Иран: Најголемата воена конфронтација меѓу двете држави досега

Read more

Здравје

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Read more

Пет додатоци во исхраната кои помагаат кога кортизолот е превисок

Read more

Најлошата утринска навика за срцето, според кардиолозите

Read more

Што е подобро за цревата – ферментирани производи или влакна?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како вештачката интелигенција ја налути цела поранешна Југославија?

Читај повеќе
  • filter

Во еден час собрани 683.000 денари за граѓански иницијативи на донаторскиот кружок на Конект

Читај повеќе

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Читај повеќе

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Читај повеќе

Пет додатоци во исхраната кои помагаат кога кортизолот е превисок

Читај повеќе

10 причини зошто пешачењето не ви покажува резултати

Читај повеќе

Научниците откриваат навика која може да ја врати биолошката возраст назад за 12 години

Читај повеќе

Што му предвидува големиот летен љубовен хороскоп на вашиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Микро тренинзи: Три брзи вежби кои го јакнат телото за неколку минути

Читај повеќе