Бубрезите играат клучна улога во филтрирањето на отпадот, одржувањето на рамнотежата на течностите и општото здравје. Сепак, проблемите како што се хронично заболување на бубрезите и камењата во бубрезите стануваат сè почести поради лошата исхрана, дехидрацијата и други здравствени состојби.
Иако додатоците во исхраната можат да го поддржат здравјето, грешките како што се високи дози на одредени додатоци може дополнително да ги оптоварат бубрезите или да ги влошат постоечките проблеми.
Нутриционистката Крутика Нанавати, предупреди на клучните грешки кои треба да се избегнуваат при земање додатоци во исхраната.
„Витаминот Ц е од суштинско значење за здравјето, но земањето повеќе од 2.000 милиграми дневно може да предизвика камења во бубрезите, особено кај луѓе со постоечки проблеми со бубрезите“, објаснува Нанавати за SheFinds. Камењата во бубрезите може да предизвикаат силна болка, инфекција и потенцијално да ги оштетат бубрезите. За среќа, со следење на препорачаните дози, овој ризик може да се избегне.
„Високото ниво на внес на протеини може да го влоши оштетувањето на бубрезите кај луѓето со постоечки проблеми, бидејќи го зголемуваат оптоварувањето на бубрезите“, истакнува Нанавати. Бубрезите ги филтрираат отпадните производи, а прекумерниот внес на протеини може да го напрега овој процес.
Иако здравите луѓе обично немаат проблеми, Нанавати советува претпазливост кај луѓето со бубрежни заболувања, особено ако користат протеински додатоци.
„Важно е да се консултирате со лекар пред значително да го зголемите внесот на протеини“, заклучи таа.