Кој треба да избегнува да јаде јагнешко месо?

Утре е Велигден, а со него доаѓа и традиционалната празнична трпеза на која во многу македонски домови ќе има јагнешко месо.

Но, иако јагнешкото месо е хранливо богато и извор на висококвалитетни протеини, тоа не е идеален избор за секого. За одредени групи на луѓе, тоа може да претставува ризик по здравјето, па затоа треба да го ограничат или целосно да го избегнат.

1. Луѓе со висок холестерол и срцеви заболувања

Јагнешкото месо, особено масните делови, е богато со заситени масти и холестерол, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Прекумерното консумирање црвено месо е поврзано со покачен LDL („лош“) холестерол, што може да доведе до затнување на артериите и зголемен ризик од срцев удар и мозочен удар.

Препорака: Доколку имате проблеми со висок холестерол, хипертензија или кардиоваскуларни болести, треба да го ограничите внесот на јагнешко месо или да изберете попосни парчиња и да ги подготвите на здрав начин (варење, печење без додадена маснотија).

2. Луѓе со гихт и покачени нивоа на урична киселина

Јагнешкото месо содржи пурини, супстанции кои се разложуваат на урична киселина во телото. Кај луѓето кои страдаат од гихт или имаат покачени нивоа на урична киселина, прекумерното внесување на пурин може да предизвика болно воспаление на зглобовите.

Препорака: Луѓето склони кон гихт треба да избегнуваат јагнешко месо или да го консумираат во многу мали количини и со зголемен внес на вода за да се поттикне излачувањето на урична киселина од телото.

3. Луѓе со бубрежна болест

Бубрезите се клучни за филтрирање на отпадот од крвта, вклучително и азотни соединенија од протеините. Јагнешкото месо е богато со протеини, што може дополнително да ги оптоварува ослабените бубрези кај луѓето со хронична бубрежна болест.

Препорака: Доколку имате проблеми со бубрезите, важно е да го ограничите внесот на животински протеини и да ја следите диетата препорачана од вашиот лекар.

4. Луѓе со дигестивни нарушувања

Помасното јагнешко може да биде тешко сварливо, особено за луѓето кои страдаат од:

Рефлукс (ГЕРБ) - мрсната храна може да поттикне киселината да тече назад во хранопроводникот

Синдром на нервозно дебело црево (IBS) - јагнешкото месо може да ги влоши симптомите на надуеност и дијареа

Болест на жолчното кесе - луѓето без жолчно кесе или со проблеми со протокот на жолчката може да имаат потешкотии со варењето на мрсна храна

Препорака: Доколку имате чувствителен дигестивен систем, изберете попосни парчиња јагнешко месо, консумирајте го во помали количини и комбинирајте го со лесно сварливите прилози како варен зеленчук.

реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Здравје

Една навика пред спиење може многу да го отежни заспивањето

Read more

Прекумерната тежина е сериозен ризик фактор за рак на матката

Read more

Кој суплемент никогаш не треба да го земате со чај или кафе?

Read more

Симптоми на заболување на црниот дроб што многу луѓе ги забележуваат предоцна

Read more
 

Магазин

Една навика пред спиење може многу да го отежни заспивањето

Читај повеќе

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Читај повеќе

Тесла ја одбил најубавата жена на своето време: Бракот не ме интересира, јас одамна сум оженет за науката

Читај повеќе

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Читај повеќе

Прекумерната тежина е сериозен ризик фактор за рак на матката

Читај повеќе

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Читај повеќе

Колку вода треба да пиете дневно за да ослабете?

Читај повеќе

Колку треба да трае сексот? Подолго отколку што си мислите

Читај повеќе

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Читај повеќе