Колку е тежок за „прележување“ новиот сој на коронавирус?

Ладното време веќе придонесува многумина веќе да се соочуваат со симптоми како течење на носот, сува кашлица и покачена температура. Во моментов, постои голема веројатност дека овие симптоми ги предизвикува коронавирусот, кој годинава е меѓу најраспространетите.

„Степенот на инфекции секогаш се зголемува поради една од три причини“, објаснува професорот по медицина на Универзитетот Источна Англија, Пол Хантер.

Тоа може да биде затоа што популацискиот имунитет на коронавирусот опаднал, дека се шири нова, позаразна варијанта или пак поради промени во однесувањето на луѓето што го зголемува ризикот од изложеност на вирусот. Во моментов, сите три фактори делуваат до одреден степен.

Новиот сој Стратус

XFG, подтип на некогаш познатиот омикрон, првпат беше откриен во јануари. Овој сој, Стратус, во моментов предизвикува повеќето случаи на коронавирус во Велика Британија и има две главни варијанти – XFG и XFG.3. Првата е одговорна за 38,3% од случаите во Велика Британија, додека втората учествува со 32,8%, според податоците на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA).

Стратус е одговорен за повеќе од 60% од случаите со коронавирусот во светот, според Светската здравствена организација (СЗО), која внимателно ја следи оваа варијанта.

„Станал доминантен затоа што е позаразен (делумно може да го заобиколи постоечкиот имунитет) од претходните соеви“, објаснува професорот Хантер.

„Сепак, релативната предност на неговото распространување е околу 31%, што не е големо во споредба со многу претходни соеви. Значи, придонесува за зголемување на случаите, но веројатно не е главен двигател“, додава тој.

Иако сега инфекциите често се асимптоматски, постојат пријави дека инфекцијата со XFG почесто може да предизвика промуклост или груб глас. Други чести симптоми остануваат кашлица, висока температура и промена на чувството за вкус или мирис, според NHS.

Како да го избегнете Стратус?

Освен изолација дома, за жал, нема магично решение кое гарантира дека нема да добиете коронавирус или други респираторни вируси. Сепак, редовното миење раце и дезинфицирање на заедничките површини може да го намали ризикот од инфекција. Постарите лица и оние со медицински ризици треба да бидат повнимателни.

„Носете маски во гужви, примете вакцина ако ви е понудена и избегнувајте посети од лица кои имаат респираторна инфекција“, советува професорот Хантер.

Што да правите ако се заразите со коронавирус?

„За повеќето луѓе, најефикасниот начин да ја пребродат короната е одмор дома, многу течности и следење на симптомите“, вели д-р Ејдрин Хајтер, медицински директор за клиничка политика во Кралската колеџа на општи практичари.

„Лековите без рецепт може да ги ублажат симптомите како болка, воспаление на грлото или затнат нос, а подобрувањето на протокот на воздух преку седење исправено и бавно дишење може да помогне при чувство на недостаток на воздух.“

Тој советува дека луѓето со симптоми на корона треба да останат дома и да избегнуваат контакт со други лица најмалку три дена, додека заболени треба да избегнуваат контакт со лица со ослабен имун систем 10 дена.

„Инфекцијата е многу заразна, а некои луѓе се посебно чувствителни на најтешките последици, затоа е важно да се превземат соодветни мерки за избегнување на зараза“, додава тој.

Тагови
реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Read more

Како да препознаете дека сте под премногу стрес: Обрнете внимание на неколку знаци

Read more

Здравје

Како да препознаете дека сте под премногу стрес: Обрнете внимание на неколку знаци

Read more

Кога треба да јадете риба за здраво срце?

Read more

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Read more

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Read more

Магазин

Како да препознаете дека сте под премногу стрес: Обрнете внимание на неколку знаци

Читај повеќе

Звукот од вашиот клима уред честопати најавува скапа поправка

Читај повеќе

Колку пати дневно треба да ја храните вашата мачка?

Читај повеќе

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Читај повеќе

Трчање на лента или на отворено: Што е подобро за кондиција?

Читај повеќе

5 грешки поради кои немате напредок и ризикувате повреда при вежбање

Читај повеќе

Валкани плажи, лоши домаќини: 4 земји во кои туристите не би се вратиле ни бесплатно

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 10 до 16 август: Кој знак го очекува голема промена?

Читај повеќе

Како XXI век полека ја губи способноста да мисли?

Читај повеќе