Невролог советува кои суплементи не треба да се земаат навечер

Иако често се препорачува земање додатоци во исхраната навечер, неврологот д-р Алан Мандел предупредува дека тоа не е секогаш добра идеја. Во едно видео објасни дека постојат одредени витамини што треба да се избегнуваат пред спиење бидејќи може да го нарушат квалитетот на сонот. Недостатокот на сон може да влијае на концентрацијата, да ја зголеми нивото на стрес, да придонесе за дебелеење и да предизвика други непријатни симптоми. Во продолжение се додатоците во исхраната што не треба да ги земаме непосредно пред легнување.

Витамин Б-12

Витаминот Б-12 е клучен за производство на енергија и правилно функционирање на мозокот, но д-р Мандел советува да не се зема навечер.

„Б-12 може многу силно да го стимулира централниот нервен систем и со тоа да го наруши вашиот сон“, истакнува тој. Токму затоа што многумина го земаат поради замор и проблеми со концентрацијата, логично е неговото дејство да не е пожелно непосредно пред спиење.

Витамин Д

Познат и како „витамин на сонцето“, витаминот Д игра важна улога во здравјето на коските и имуниот систем. Но, неврологот предупредува дека може негативно да влијае на сонот бидејќи го нарушува лачењето на мелатонин – хормонот што го регулира ритамот на спиење.

„Витаминот Д може да го отежне заспивањето и одржувањето на сонот“, објаснува тој.

Витамин Ц

Иако витаминот Ц е познат по зајакнувањето на имунитетот, неговото земање пред спиење може да биде контрапродуктивно.

„Витаминот Ц може да предизвика гастроинтестинални тегоби, а ако го земете непосредно пред легнување, тоа може да има благ стимулирачки ефект и да го отежне опуштањето“, вели д-р Мандел.

Витамин Е

Овој витамин често се користи поради своите придобивки за кожата и косата, но и тој може да предизвика непријатни дигестивни тегоби ако се зема навечер.

„Витаминот Е исто така може да предизвика гастроинтестинални проблеми кои можат да бидат непријатни и да го нарушат сонот во текот на ноќта“, напоменува д-р Мандел.

Значи, ако сакаме да ги искористиме придобивките од овие витамини без ризик да ни го нарушат сонот, д-р Мандел препорачува да ги земаме порано во текот на денот, идеално наутро со кафе. „Ќе ви дадат многу енергија, ќе ја подобрат концентрацијата и, што е најважно, ќе ви помогнат да останете здрави“, заклучува тој.

реклама
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Здравје

Витамини и додатоци кои е корисно да ги земате во есен

Read more

Во кое време од денот е најдобро да јадете овошје? 

Read more

Кафето без кофеин го подобрува помнењето

Read more

Што ви се случува во телото ако не испиете чаша вода наутро?

Read more

Магазин

Витамини и додатоци кои е корисно да ги земате во есен

Читај повеќе

Средновековен град го исклучи уличното осветлување, улиците ги осветлуваат свеќи

Читај повеќе
  • play_arrow
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да јадете овошје? 

Читај повеќе

Кафето без кофеин го подобрува помнењето

Читај повеќе

Што ви се случува во телото ако не испиете чаша вода наутро?

Читај повеќе

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Рецепт за највкусната салата од зелка

Читај повеќе

„Тешко е да се живее со депресија“ – пациентите од Клиниката за психијатрија со пораки до јавноста

Читај повеќе