Опасна бактерија се шири во европските мориња поради зголемувањето на температурите

Среде летната сезона и гужвите на европските плажи, здравствените експерти издадоа важно предупредување. Поради зголемувањето на температурата на морето, се шири опасна бактерија што се крие во топлата, солена вода, претставувајќи зголемен ризик по здравјето на пливачите и љубителите на морска храна.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) издаде предупредување за бактериите од родот Vibrio. Иако до неодамна беа карактеристични за Балтичкото Море, поради глобалното затоплување и зголемувањето на температурата на морето, тие сега се појавуваат сè повеќе во Северното Море, па дури и во затворените капалишта низ Европа.

Овие бактерии природно живеат во солени крајбрежни води, каде што се мешаат свежата и солената вода, а идеалните услови за нивно размножување се високите температури и пониската соленост.

„Ваквите услови стануваат сè почести во делови од Европа како резултат на климатските промени“, истакнува ECDC.

Опасност од морето и во чинијата

Болеста позната како вибриоза може да предизвика сериозни здравствени компликации. Најчесто се пренесува на два начина: со консумирање сирова или недоволно зготвена морска храна, особено остриги, или со пливање во контаминирана вода со отворена рана на телото, како што е исеченица.

Лицата со ослабен имунолошки систем и оние со хронично заболување на црниот дроб се особено изложени на ризик. Кај нив, инфекцијата може да доведе до сериозни последици како што се сепса, инфекција на крвотокот, некротизирачки фасциитис (тешка инфекција на меките ткива), а во најтешките случаи, исходот може да биде ампутација на екстремитет.

Зголемениот број на инфекции загрижува

Иако ECDC наведува дека ваквите инфекции се сè уште „релативно ретки“ во Европа, податоците од северните земји покрај Балтичкото Море покажуваат загрижувачки тренд на раст, особено во текот на летото со изразени топлотни бранови.

На пример, во текот на летото 2018 година со рекордни температури, регистрирани се дури 445 случаи на вибриоза. Ова е повеќе од трипати повеќе од годишниот просек од 126 случаи регистрирани помеѓу 2014 и 2017 година. Експертите од агенцијата предупредуваат дека реалниот број е веројатно поголем бидејќи многу случаи не се пријавуваат.

Како да се заштитите?

За да се минимизира ризикот од инфекција, ECDC советува да се избегнува консумирање на сирови школки и темелно да се готват сите морски плодови. Лицата со отворени рани, исеченици или свежи пирсови треба да избегнуваат пливање во соленкаста или солена вода, а доколку тоа не е можно, раната треба да се заштити со водоотпорен завој.

Агенцијата ги повикува граѓаните да бидат свесни за ризиците и да се обратат на лекар доколку забележат какви било симптоми по пливање или консумирање морска храна.

реклама

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Read more

ФБИ го пратиле во џамија да шпионира, верниците го пријавиле во ФБИ за екстремен фанатизам

Read more

Здравје

Како можете да го намалите ризикот од инфекција со западнонилска треска?

Read more

Што најмногу го крева шеќерот во крвта? 

Read more

Може ли витаминот Д да се добие преку исхрана?

Read more

Колку често треба да ја чистите WC шолјата?

Read more

Магазин

Зошто утринскиот секс е уште подобар во лето?

Читај повеќе

Трчање или возење велосипед: Што е подобро за вашето тело?

Читај повеќе

Како можете да го намалите ризикот од инфекција со западнонилска треска?

Читај повеќе

Што најмногу го крева шеќерот во крвта? 

Читај повеќе

Што треба да јадете и пиете ако цел ден сте биле на сонце?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто сонуваме и што ни кажуваат соништата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Тројанската војна објаснета во 13 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Може ли витаминот Д да се добие преку исхрана?

Читај повеќе

Јапонска студија открива кои бои да ги изберете за да останете посвежи во лето

Читај повеќе