Популарен додаток во исхраната може да биде токсичен за црниот дроб

Додатоците во исхраната се сè повеќе присутни во велнес индустријата, но лекарите предупредуваат дека нивната популарност честопати не е придружена со научни докази или регулатива.

Бидејќи не се под надзор на FDA (Администрација за храна и лекови на САД), многу додатоци на пазарот може да имаат недокажани ефекти, а за луѓето кои јадат разновидна и хранливо богата исхрана, тие честопати дури и не се неопходни. Загриженоста расте особено кога некои додатоци, наместо да помагаат, почнуваат да му штетат на здравјето.

Еден таков пример е куркумата, поточно додатоците во исхраната кои содржат високи дози од нејзината активна состојка - куркумин.

„Иако куркумата е позната по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, високите дози можат да бидат токсични за црниот дроб“, предупредува докторката д-р Синтија Одогву за Parade.

Таа додава дека е можно да се претера дури и со нешто здраво, особено ако додатокот содржи и пиперин (состојка на црниот пипер што ја зголемува апсорпцијата), што дополнително го подобрува ефектот. Иако има корисна улога во исхраната, додатоците во исхраната се друга приказна - тие содржат до десет пати поголема доза од препорачаната.

Првите симптоми на оштетување на црниот дроб често лесно се игнорираат.

„Оштетувањето може да се случи во рок од еден до четири месеци, без лицето да има никакви видливи знаци“, вели д-р Одогву. Во случаи кога се јавува, симптомите може да вклучуваат замор, болки во стомакот, темна урина, пожолтување на кожата и губење на апетитот.

Во потешки случаи, може да има повраќање крв, оток и значително губење на тежината, а потоа штетата е веќе сериозна.

Лекувањето зависи од степенот на оштетување.

„Ако црниот дроб е само благо или умерено засегнат, можно е целосно закрепнување“, објаснува д-р Одогву. Но, во потешки случаи, може да биде потребна трансплантација. Затоа таа советува: пред да започнете со земање додатоци од куркума, консултирајте се со лекар, направете основни тестови за црниот дроб и користете го во готвење, а не во капсули.

реклама

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Read more

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Read more

Здравје

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Read more

Како вечерањето доцна влијае на крвниот притисок?

Read more

Што треба да јадете почесто наместо да се „клукате“ со суплементи?

Read more

Утрински еликсир што ги исфрла токсините од телото

Read more

Магазин

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Читај повеќе

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се движите повеќе после јадење?

Читај повеќе

Како вечерањето доцна влијае на крвниот притисок?

Читај повеќе

Што е подобро за слабеење - растителни или животински протеини?

Читај повеќе

Маж предизвикал инцидент на лет на American Airlines, патници го совладале и го залепиле за седиште

Читај повеќе

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Читај повеќе

Што треба да јадете почесто наместо да се „клукате“ со суплементи?

Читај повеќе

Утрински еликсир што ги исфрла токсините од телото

Читај повеќе