Прекумерната тежина е сериозен ризик фактор за рак на матката

Постојаната прекумерна тежина може речиси да го удвои ризикот од добивање на рак на матката - укажуваат наодите на една најнова студија.

 

Студијата спроведена од експерти од Универзитетот во Бристол, открива дека на секои пет дополнителни БМИ единици, ризикот од рак на ендометриумот кај жените се зголемува за 88 проценти.

Индексот на телесна маса (BMI/БМИ) е вредноста што се добива кога тежината на една личност во килограми се дели со квадратот на неговата висина во метри.

Постојаната прекумерна тежина може речиси да го удвои ризикот од добивање на рак на матката.

Научниците и лекарите веќе некое време знаат дека прекумерната тежина или дебелината го зголемува ризикот од оваа болест. Приближно секој трет случај во ОК (34 проценти) е поврзан со прекумерна тежина.

Сега, истражувачите од Универзитетот во Бристол успеаја да ја разјаснат подобро таа поврзаност, како и степенот на зголемен ризик. Тие откриле дека на секои дополнителни пет БМИ единици, ризикот од рак на ендометриумот кај жената се зголемува за 88 проценти. Истражувањето беше финансирано од Cancer Research UK (CRUK) и објавено во списанието BMB Medicine.

Зголемениот ризик за оваа болест е повисок отколку што беше предложено во претходните студии и го одразува статусот на доживотна тежина отколку моменталната тежина, што е најчесто случај во повеќето други студии.

„Студиите како ова го поддржуваат фактот дека прекумерната тежина или дебелината е втора најголема причина за рак во ОК и може да ни помогне да почнеме да утврдуваме зошто. Ова ќе игра клучна улога во откривањето како да се спречи и лекува ракот во иднина“, вели д-р Џули Шарп здружението CRUK.

„Потребни се повеќе истражувања за да се истражи точно кои третмани и лекови би можеле да се користат за управување со ризикот од рак кај луѓето кои се борат со дебелината. Веќе знаеме дека прекумерната тежина или дебелината го зголемува ризикот од развој на 13 различни видови на рак. За да се намали ризикот од рак, важно е да се одржи здрава тежина со урамнотежена исхрана и да се биде доволно активен.“

Важна улога на хормоните

Студијата се занимавала со рак на ендометриумот, најчестиот тип на рак на матката, кој влијае на слузницата на матката - ендометриумот. Се предвидува дека на една од 36 жени родени по 1960 година во Велика Британија во текот на животот ќе ѝ биде дијагностициран рак на матка.

Беа тестирани генетски примероци од 120.000 жени во Велика Британија, Австралија, Белгија, Германија, Полска, Шведска и САД. Околу 13.000 од нив имале рак на матката.

Истражувачите ги разгледале маркерите - 14 особини кои можат да ги поврзат дебелината и ракот на матката. Тие открија два хормони - инсулин и тестостерон - кои се поврзани со ризикот од добивање рак на матката.

Откривајќи дека дебелината го зголемува ризикот, на пример преку хормоните, експертите се надеваат дека во иднина лековите би можеле да се користат за намалување или зголемување на нивото на специфични хормони кај луѓето со поголем ризик од развој на рак.

„Оваа студија е интересен прв чекор во тоа како генетската анализа може да се искористи за да се открие како точно дебелината предизвикува рак и што може да се направи за да се реши тоа“, рече Ема Хејзелвуд, водечки автор на студијата.

„Врските помеѓу дебелината и ракот на матката се добро познати, но ова е една од најголемите студии за истражување зошто тоа е точно на молекуларно ниво. Очекуваме понатамошни истражувања кои подобро ќе покажат како сега можеме да ги користиме овие информации за да ги намалиме ризик од рак кај луѓето кои се борат со прекумерна дебелина.“

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Како изгледа најмалата земја што игра на Светско: Курасао е карипски рај со европски потпис

Read more

„Протече“ тајниот договор: Иран доби милијарди од Катар, САД тивко го одобрија планот

Read more

Здравје

Како да препознаете лубеница полна со нитрати кои може да предизвикаат труење?

Read more

Симптоми на жолчни камења поради кои треба да побарате лекарска помош

Read more

Најчести грешки што ги правиме при мерењето притисок дома

Read more

Зошто треба да јадете портокали во лето?

Read more

Магазин

Едноставен рецепт кој плени со својата свежина: Сочен колач со лимон и ф'стаци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Читај повеќе
  • play_arrow

Тест на ѕид открива дали имате лошо држење на телото

Читај повеќе

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Читај повеќе
  • filter

Грчкиот остров со рајски плажи што не ја „продаде душата“ за комерцијала

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто треба да имате помали очекувања од партнерот?

Читај повеќе

Може да биде фатално: Не ги оставајте децата сами во автомобил кога е жешко

Читај повеќе

Како да препознаете лубеница полна со нитрати кои може да предизвикаат труење?

Читај повеќе

5 знаци дека под итно треба да почнете да вежбате

Читај повеќе