Што се случува во телото по само пет дена јадење брза храна?

Додека одредена храна ја подобрува чувствителноста на инсулин, некоја друга може да имаат спротивен ефект - зголемување на отпорноста на инсулин, забавување на метаболизмот и зголемување на желбата за нездрава храна.

Ново истражување од Германија покажа дека овие ефекти се случуваат побрзо и траат подолго отколку што се мислеше.

Студијата објавена во Nature Metabolism истражуваше како исхраната влијае на инсулинската реакција кај 27 млади мажи. Осумнаесет учесници додадоа 1.500 калории дневно од високо обработена храна како чипс, колачиња, слатки и брза храна, додека другите ја одржуваа својата вообичаена исхрана.

Истражувачите го мереле одговорот на мозокот на инсулин, количината на маснотии во црниот дроб и промените во перцепцијата на наградата поврзана со храната.

Резултатите покажаа дека по само пет дена:

Ослабена чувствителност на инсулин - мозокот почна посилно да реагира на награда со храна, зголемувајќи ја желбата за нездрава храна. Дури и откако учесниците се вратија на нормална исхрана, слабата инсулинска реакција во мозокот опстојуваше во делови поврзани со меморијата и донесувањето одлуки.

Зголемена количина на маснотии во црниот дроб - иако учесниците не се здебелија, црниот дроб им беше помалку способен да преработува шеќери и масти, што може да доведе до покачен шеќер во крвта и зголемен ризик од дијабетес тип 2.

Зголемена желба за нездрава храна – системот на наградување на мозокот се промени, намалувајќи го задоволството од здравата храна и го отежнува откажувањето од лошите навики во исхраната.

Долгорочни здравствени последици

Ова истражување потврдува дека дури и краткотрајното внесување на високо преработена храна може да има долгорочни последици - зголемени масти во црниот дроб, забавен метаболизам и ослабена контрола на апетитот.

Освен тоа, негативните ефекти траеле најмалку два дена подолго од периодот на нездрава исхрана, а можеби и значително подолго. Затоа, ако сакате да го заштитите вашиот мозок и да го забрзате метаболизмот на долг рок, избегнувањето на брза храна може да биде клучен чекор кон поздрав начин на живот.

реклама

Здравје

Пет есенски комбинации на храна за посилен имунитет

Read more

Кардиолог споделува кој појадок е најдобар за срцето и циркулацијата

Read more

Клековски вети нов скрининг за рак на дојка

Read more

Пет утрински навики што го чуваат здравјето

Read more

Магазин

Дали треба да вежбате кога имате воспаление на мускулите?

Читај повеќе

Алерголог советува што почесто треба да менувате во спалната соба

Читај повеќе

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Читај повеќе

Од аеродром до центар за само 15 минути: Најдобрите градови за кратко есенско патување

Читај повеќе

Како Италијанците почнале да пијат кафе секој ден: Од еспресо до ритуал што трае над 100 години

Читај повеќе
  • filter

Дали балканските лидери се сликале со картонски Доналд Трамп во Њујорк?

Читај повеќе

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет есенски комбинации на храна за посилен имунитет

Читај повеќе