Зошто не треба да јадете пакувана салата?

Спакуваните салати од супермаркет можат да содржат паразити и бактерии кои предизвикуваат сериозно повраќање и дијареја, а ризикот е поголем кај чувствителните луѓе.

Примоз Фристон, професорка по микробиологија на Универзитетот во Лестер, изјави дека би ги избегнувала ваквите производи бидејќи патогените можат брзо да се размножуваат во кесички, дури и кога се чуваат во фрижидер, и да се закачат на пластиката. Во изјава за The Times, таа, меѓу другото, рече: „Не би допрела зелена салата од кеса ни за миг“.

Предупредувањето доаѓа во време на ширење на циклоспоријаза, паразитска инфекција поврзана со контаминирана храна и вода што предизвикува тешка дијареја, грчеви во стомакот и повраќање. Повеќе од 22.000 случаи се пријавени во САД годинава, со два смртни случаи и стотици хоспитализации. Случаи на инфекцијата неодамна се пријавени и во Обединетото Кралство.

Контаминираната зелена салата е веројатна причина за сегашната епидемија, но тоа не е единствениот проблем поврзан со лиснатите зеленчуци. Минатата година, британската здравствена агенција УКХСА објави зголемување од 26% на редок сој на бактеријата ешерихија коли поврзана со салата во спакувани сендвичи и тортиљи, што резултираше со хоспитализација на 86 лица.

Фристон наведува дека лиснатата текстура на зелената салата го фаворизира задржувањето на микроорганизми, а дополнителен ризик е што таквата храна најчесто се јаде сурова. Препорача претходно измиените салати повторно да се исплакнат со вода од чешма, но предупреди дека на овој начин ризикот може само да се намали, а не и целосно да се елиминира. Додаде дека темните, влажни лисја укажуваат на расипување на производот и дека таквата салата треба да се фрли.

Тагови
реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Здравје

Кои додатоци во кафето го забавуваат метаболизмот?

Read more

Зошто никогаш не треба да го носите телефонот во WC?

Read more

Што се случува во телото кога редовно јадете грав? 

Read more

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Read more

Магазин

Предмети што не треба да се мијат со топла вода: Може трајно да ги оштетите

Читај повеќе

Како да го подготвите вашето куче за долго патување?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сингапурец украл милиони во биткоини, купувал вили и се расфрлал со луксуз по клубови

Читај повеќе

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Читај повеќе

Како да ги изберете најдобрите пиперки за ајвар? Обрнете внимание на 3 работи

Читај повеќе

Кои додатоци во кафето го забавуваат метаболизмот?

Читај повеќе

Една состојка помага оризот да не се лепи за тенџерето

Читај повеќе

Што ни се случува во мозокот по 10 минути бавно трчање?

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го носите телефонот во WC?

Читај повеќе