Зошто никогаш не треба да го носите телефонот во WC?

Можеби ви изгледа безопасно да скролате додека сте во тоалет, но вистината е многу непријатна.

Стручњаците предупредуваат дека секојдневното користење на телефонот во тоалет може да го претвори вашиот паметен телефон во колонија на бактерии што сериозно го загрозуваат вашето здравје. Кога го внесувате телефонот во бањата, го изложувате на цела армија невидливи микроорганизми. Фекалните бактерии, вклучувајќи ја и озлогласената E. coli, лесно се шират по површините во тоалетот, а вашиот телефон е совршено место за нивно задржување.

Уште полошо, дури и ако ги измиете рацете, бактериите може да се вратат веднаш штом повторно го земете телефонот кој бил во истото загадено опкружување. Едноставно кажано, џабе сапун, ако телефонот веќе е заразен.

Микро-олуја од WC школката

Пуштивте вода? Во тој момент се создава облак од микроскопски капки што можат да се рашират и до метар и пол во висина и ширина. Тие честички носат сè што не сакате да се најде на вашиот телефон или лице. Истражувањата покажуваат дека бактериите се шират со брзина на светлината по околните површини: под, ѕидови, пешкири, па и вашиот несреќен телефон ако го оставите на водокотлиќ или на машината за перење.

Најлошото место за вашиот телефон

Ако некогаш сте помислиле да го оставите телефонот на подот додека сте во тоалет, размислете повторно. Подот околу ВЦ школката е едно од најзагадените места во домот, а фекалните бактерии таму опстојуваат со денови. Дури и ако не се гледа, не значи дека не е валкано.

Како да се заштитите?

Ако навистина мора да го имате телефонот со себе поради важен повик, оставете го во џеб, но не го користете додека сте во тоалет. И задолжително дезинфицирајте го телефонот барем два пати неделно, најдобро со алкохолни марамчиња.

Мобилните телефони, според микробиолозите, се на исто ниво со кваките и прекинувачите. Ги допираме често, но ретко ги чистиме. А во комбинација со WC зоната, стануваат вистински биолошки ризик.

реклама

Здравје

„Тешко е да се живее со депресија“ – пациентите од Клиниката за психијатрија со пораки до јавноста

Read more

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Read more

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Како зелениот лиснат зеленчук влијае на дејството на одредени лекови?

Read more

Магазин

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Рецепт за највкусната салата од зелка

Читај повеќе

„Тешко е да се живее со депресија“ – пациентите од Клиниката за психијатрија со пораки до јавноста

Читај повеќе

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Читај повеќе

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Читај повеќе

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Читај повеќе

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Читај повеќе

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Читај повеќе

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Читај повеќе