Бананите за многумина се омилено овошје, а со оглед на тоа што можат да се консумираат во различни фази на зреење, експертите објаснија што значи секоја боја на кората од банана.

Постојат многу причини зошто треба да јадете банани - тие се одличен извор на калиум, кој помага во регулирањето на крвниот притисок, содржат влакна за да го потпомогнат варењето и содржат природни јаглехидрати што телото ги користи за енергија.
Сепак, не сите банани се нутритивно еднакви. Тие минуваат низ 7 фази на зрелост - од чиста зелена до жолта со кафеави дамки.
Зелените банани содржат релативно голема количина на отпорен скроб. Ова е вид на влакна што на телото му е потребно подолго време за да ги вари и не предизвикува толку брзо или сериозно зголемување на шеќерот во крвта како што би предизвикала зрела банана. Отпорниот скроб патува до дебелото црево, каде што се ферментира од цревните бактерии. Добиените масни киселини со краток синџир можат да помогнат во балансирањето на цревниот микробиом и намалување на воспалението.
Бидејќи се богати со растителни влакна и отпорен скроб, зелените банани помагаат во контролата на гладот. Колку е позелена бананата, толку е подобра за вашето здравје, но ќе има горчлив и позрнест вкус.
Како што бананите зреат, зелениот пигмент хлорофил се разградува, дозволувајќи им на жолтите пигменти ксантофил да станат повидливи. Скробот во бананата иста така се трансформира во едноставни шеќери, што ѝ дава посладок вкус.
Британскиот хирург Каран Рангараџан, познат и како д-р Каран Раџан, ја опиша едвај зрелата банана во втора фаза како „избалансиран крал“ поради нејзината висока содржина на влакна и ниско ниво на шеќер. Зелените банани имаат тенденција да содржат повеќе фолна киселина, која игра клучна улога во синтезата и поправката на ДНК.
Овие банани се полесни за варење од незрелите бидејќи претворањето на скробот во едноставни шеќери ги прави шеќерите полесно достапни за апсорпција и искористување и се подобри за дијабетичари.
Жолтите и зелените банани се богати со калиум, витамин Б6 и витамин А. Жолтите банани содржат повисоки нивоа на антиоксиданси, витамин Ц и шеќер. Процесот на зреење води до зголемување на антиоксидансите, вклучувајќи ги и катехините, кои се поврзани со здравјето на срцето и намалувањето на воспалението.
Бананите од фаза 5 се одлична ужина пред тренинг поради нивниот баланс на енергија и влакна.
Целосно зрелите банани се полни со антиоксиданси и влакна, зајакнувајќи го вашиот имунолошки систем и варењето на храната. Тие се природно слатки, лесни за варење.
Кафеавите дамки - познати како „шеќерни дамки“ - претставуваат високо ниво на катехини. Презреаните (кафеави) банани се најслатки и најлесни за варење, и иако нивото на хранливи материи може малку да се намали, тие сепак се добар извор на енергија и калиум.
Читајте следно: