Дали знаете што мачките се обидуваат да ви кажат со честото мјаукање?

Некои мачки се познати по своето мјаукање, додека други можат да бидат целосно тивки, а ако имате „зборливо милениче“, важно е да препознаете што се обидува да ви каже.

Експертот за однесување на мачки, Аманда Кампион, објасни што стои зад ваквото однесување.

„Сијамските и ориенталните мачки се познати по своите вокализации, па ако ги имате овие домашни миленици, очекувајте многу 'зборување'“, тврди таа.

Друга причина зошто мачките мјаукаат е за да бараат внимание.

„Мачките ќе ви дадат до знаење со своите гласови дали се гладни, осамени или им е здодевно. Мјаукањето може да биде резултат и на нарушена рутина. Покрај тоа, предвидливоста е важна за мачките. Ако го пропуштите времето за оброк или игра, тие дефинитивно ќе ви дадат до знаење“, објасни Кампион.

Експертката предупреди дека ненадејната вокализација може да биде знак на стрес или болест, ако инаку мирна мачка одеднаш почне често да мјаука, се препорачува посета на ветеринар за да се исклучат здравствени проблеми.

Кај постарите мачки, мјаукањето може да биде поврзано со когнитивен пад, што резултира со тоа што мачките стануваат позбунети, поповлечени и почувствителни на одвојување.

Американското здружение за заштита на животните наведува дека мачките мјаукаат од различни причини, како што се желба за здраво, барање внимание, желба за храна, барање дозвола за излегување или влегување и за време на сезоната на парење за да привлечат партнер.

За да се намали непотребното мјаукање, се препорачува конзистентна рутина на хранење во исто време, игнорирање на несаканото мјаукање и обезбедување пристап до надворешниот свет.

Тагови
реклама

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Како изгледаа трибините на натпреварот помеѓу Челси и Лос Анџелес?

Read more

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Read more

Живот

Вежба од 20 секунди е спас за очите ако цел ден гледате во екран

Read more

Дали имате финансиска траума?

Read more

Голем неделен финансиски хороскоп од 16 до 22 јуни

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more
 

Магазин

Она кога Американците ќе ја откријат Југославија

Читај повеќе

Вежба од 20 секунди е спас за очите ако цел ден гледате во екран

Читај повеќе

Најдобриот појадок за здрави црева

Читај повеќе

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Читај повеќе

Најдобри протеини за зајакнување на имунитетот и здраво слабеење по 40-тата година

Читај повеќе

Дали имате финансиска траума?

Читај повеќе

Голем неделен финансиски хороскоп од 16 до 22 јуни

Читај повеќе

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Читај повеќе

Како да препознаете вистински домашен мед?

Читај повеќе