Децата на вашите вработени се добредојдени на Летниот камп на НОВА

Меѓународното училиште НОВА со задоволство ја продолжува долгогодишната традиција на организирање на Летниот камп, кој оваа година ќе се одржи од 16 јуни до 4 јули, во безбедна, инспиративна и меѓународна средина.

Ве охрабруваме да го запишете вашето дете во Летниот камп на НОВА и да му овозможите од една до три недели исполнети со забава, авантури, истражување и учење преку креативно дизајнирана програма.

Кампот е наменет за деца на возраст од 4 до 13 години и нуди програма адаптирана на секоја старосна група, која поттикнува љубопитност, креативност и социјална интеракција. Дел од активностите вклучуваат: посета на Адреналинскиот и Аква паркот во Пробиштип, јавање коњи, водени активности, креативни работилници, како и истражување на пештерата Врело во Матка. Кампот се одржува од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот, со вклучени оброци (појадок, ручек и ужина).

Иако препорачуваме целосно учество во тринеделната програма за комплетно искуство, достапни се и флексибилни опции со соодветен план за упис и плаќање. За компании што ќе запишат четири или повеќе деца, обезбедуваме попуст од 15%.

Ќе ни биде чест доколку ја споделите оваа програма со вашите вработени. Повеќе информации за програмата и групите можете да најдете на нашата веб-страница. За пријава, ве молиме пополнете го следниот онлајн формулар.

Ви благодариме за вашата поддршка и со нетрпение очекуваме да ги пречекаме новите учесници во нашиот Летен камп!

Срдечен поздрав,

Меѓународно Училиште НОВА

 

реклама

Топол воздух од Сахара доаѓа во Европа, температурите ќе достигнат 47°C

Read more

Реакција на Русија за пристапувањето на Македонија во Коалицијата на волните

Read more

Откриено живо суштество старо 2.300 години на дното на морето 

Read more

Зборови вредни повеќе од медал: Јамал откри што му рекол Меси по финалето

Read more

Живот

6 работи што ги прават луѓето со тешко детство кои станале успешни

Read more

Каде на Јадранско Море седумдневен одмор на море за двајца чини помалку од 600 евра?

Read more

Кои се највалканите места што ги допираме секој ден?

Read more

Грешки во вашето CV поради кои не ве викаат на интервју за работа

Read more

Магазин

6 работи што ги прават луѓето со тешко детство кои станале успешни

Читај повеќе

Каде на Јадранско Море седумдневен одмор на море за двајца чини помалку од 600 евра?

Читај повеќе

Кои се највалканите места што ги допираме секој ден?

Читај повеќе

Што се случува со вашето тело кога пиете сок од портокал на празен желудник?

Читај повеќе

Зошто лажеме за тоа како си поминавме на одмор?

Читај повеќе

Грешки во вашето CV поради кои не ве викаат на интервју за работа

Читај повеќе

Рецепт за најдобрите полнети модри патлиџани: Наполнете ги со месо и печете со кашкавал

Читај повеќе

Дали инстант кафето го забрзува стареењето?

Читај повеќе

Зошто мозочните удари најчесто се случуваат наутро?

Читај повеќе