Утрото без кафе е незамисливо за многумина, а нова студија покажува дека ова чувство има научна основа. Огромното мнозинство испитаници велат дека нивната утринска рутина за пиење кафе може да предвиди како ќе им биде остатокот од денот. Со преминот кон летно сметање на времето, што ќе им одземе еден час сон, важноста на овој ритуал станува уште поизразена. Затоа многумина ја сметаат првата шолја кафе за клучен дел од почетокот на денот.
Студија спроведена од Talker Research и производителот на кафе Eight O’Clock Coffee на примерок од 2.000 луѓе покажа колку е важно утринското кафе. Речиси сите испитаници рекле дека утринското кафе ги мотивира да се соочат со своите дневни обврски. Дури 73 проценти веруваат дека кафето влијае на успехот на нивниот ден, додека 79 проценти велат дека зависи од тоа дали нивниот ден ќе биде полесен, објавува YourTango.
Студијата покажа и колку време луѓето посветуваат на овој утрински ритуал. Во просек, испитаниците поминуваат околу 16 минути подготвувајќи и пиејќи кафе. За споредба, тие поминуваат околу 11 минути туширајќи се, девет минути за појадок и осум минути за фризура и шминка.
Речиси половина од испитаниците, 47 проценти, признале дека се мотивирани да си легнат порано само за да имаат доволно време за утринското кафе. Дури и поместувањто на часовниците и губењето на сонот не ја менуваат оваа навика. Во случај да се успијат, само 15 проценти од испитаниците би го прескокнале кафето за да стигнат навреме.
Повеќето би се откажале од други утрински обврски, како што се местење на креветот или бричење. Дури половина од испитаниците признале дека повеќе би сакале да доцнат на работа отколку да го прескокнат утринското кафе.
Но, кафето не треба да биде првото нешто што ќе го внесете во телото наутро.