Италијанската кујна веќе не е најдобрата во светот

Каде се рангира македонската кујна меѓу 100-те најдобри?

Најновото рангирање на Taste Atlas го смени претходното рангирање на најдобрите кујни во светот.

Фотографијата е преземена од polnacasa.mk

Италија, која со години беше на врвот на листата, овој пат мораше да го отстапи престолот на Грција, која го освои највисокиот рејтинг и беше прогласена за кулинарска престолнина на светот. Резултатите предизвикаа голем интерес кај љубителите на храна низ целиот свет.

Мексико, кое го освои третото место, го воодушеви жирито со својата разновидност на вкусови. Високи позиции зазедоа и Шпанија, Португалија и Турција, кои со години освојуваат со едноставноста и богатството на своите јадења. Азиските кулинарски сили како Јапонија и Кина, познати по својата разновидност на вкусови и богати традиции, исто така беа во првите дваесет.

Изненадување е напредокот на германската кујна, која скокна за девет места во споредба со минатата година и ја зазеде 23-та позиција, што покажува растечки интерес за регионалните специјалитети од таа земја.

На најновата листа на рангирање на Taste Atlas има кујни од целиот свет, од Европа до Азија и Јужна Америка. Македонија, со просечен резултат од 4,16 се наоѓа на 47. место и ги престигна кујните на Босна и Херцеговина и Црна Гора – од регионот – како и на Англија, Шведска, Куба – меѓу другите - што покажува зголемена популарност на македонските традиционални вкусови на меѓународната сцена.

Меѓу македонските јадења што се препорачува да се пробаат се: зелник, макало, сарма, ајвар и охридска пастрмка.

Резултатите покажуваат дека европските кујни продолжуваат да доминираат на светската сцена, но дека вкусовите од Азија и Латинска Америка добиваат сè поголемо значење. Македонската кујна, благодарение на традиционалните рецепти и автентичните состојки, станува сè повеќе ценета во светот на гастрономијата.

Најдобрите кујни во светот за 2025 година според Taste Atlas:
  1. Грција - 4,60
  2. Италија - 4,59
  3. Мексико - 4,52
  4. Шпанија - 4,50
  5. Португалија - 4,50
  6. Турција - 4,50
  7. Индонезија - 4,48
  8. Франција - 4,48
  9. Јапонија - 4,47
  10. Кина - 4,45
  11. Полска - 4,42
  12. Индија - 4,42
  13. САД - 4,42
  14. Перу - 4,40
  15. Србија - 4,40
  16. Бразил - 4,39
  17. Хрватска - 4,36
  18. Колумбија - 4,34
  19. Виетнам - 4,34
  20. Унгарија - 4,33.
реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Живот

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Неделен финансиски хороскоп до 11 октомври

Read more

Кога вашиот фрижидер троши многу повеќе струја отколку што треба?

Read more

Бели или кафеави јајца: Дали бојата на лушпата открива кои се подобри?

Read more

Магазин

Зошто лукот е омилен додаток во многу солени јадења?

Читај повеќе

Видови пијалаци што треба да ги избегнувате ако сакате да го намалите внесот на шеќер

Читај повеќе

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Читај повеќе

Дали „крцкањето“ на прстите предизвикува артритис?

Читај повеќе

Неделен финансиски хороскоп до 11 октомври

Читај повеќе

Кога вашиот фрижидер троши многу повеќе струја отколку што треба?

Читај повеќе

Што ќе ви се случи во телото кога ќе престанете да пиете алкохол еден месец?

Читај повеќе

Бели или кафеави јајца: Дали бојата на лушпата открива кои се подобри?

Читај повеќе

Момчињата треба да ги учиме што е согласност многу порано отколку што мислите

Читај повеќе