Кафеавиот ориз долго време се сметаше за многу поздрава алтернатива на белиот ориз. Сепак, новото истражување покажа дека содржи значително поголеми количини на арсен.
Имено, истражувачите утврдиле дека кафеавиот ориз содржи 24% повеќе арсен и 40% повеќе неоргански арсен – познат канцероген – од белиот ориз. Редовното консумирање на кој било арсен може да доведе до проблеми со кожата и дигестивниот систем, како и зголемен ризик од дијабетес, рак и кардиоваскуларни болести.
Експертите истакнаа дека постои потенцијален ризик од штетна изложеност на арсен од кафеав шеќер кај децата на возраст под 5 години. Кафеавиот ориз акумулира повисоки нивоа на арсен бидејќи штетниот елемент се акумулира во надворешните слоеви на зрното, кои се задржуваат во кафеавиот ориз.
Од друга страна, тие се отстрануваат при преработката на белиот ориз. Тоа значи дека иако кафеавиот ориз има повеќе влакна и хранливи материи, има и поголема доза на арсен.
Ова не значи дека треба целосно да го избегнувате кафеавиот ориз. Истражувачите препорачуваат едноставни методи кои можат да ја намалат содржината на арсен, како што е темелно плакнење на оризот.
Студијата на истражувачите може да се погледне тука.