Иако повеќето луѓе очекуваат да сретнат змија само при прошетка низ шума или природа, овие влекачи понекогаш се наоѓаат и во нашите домови – особено за време на потоплите месеци.
Стручњаците за контрола на штетници предупредуваат дека има едно место кое е особено привлечно за змиите: просторот под мијалникот во кујната или бањата.
Овој дел од домот им обезбедува идеални услови за скривалиште. Таму е темно, влажно и често овозможува директен пристап преку мали отвори околу цевките. Освен тоа, во тие простори може да има и глодари и инсекти со кои се хранат змиите.
Стручњакот за контрола на штетници Рајан Смит изјави дека змиите може да влезат во куќата преку отвори со големина на помала паричка. Според него, исклучително е важно внимателно да се прегледаат сите пукнатини и дупчиња околу инсталациите и по потреба да се затворат.
Често не ги забележуваме змиите веднаш, но постојат некои знаци на кои треба да се обрне внимание. Меѓу нив се траги од влечење или необичен застоен мирис и мирис на мувла во затворени простори. Чест знак е и зголемено присуство на глодари, што значи дека околината е привлечна за предатори како змиите.
За да спречите присуство на змии во вашиот дом, потребно е редовно да ги прегледувате темните и влажни агли на домот. Исто така, важно е да не оставате остатоци од храна или отворени садови полни со вода под мијалникот, бидејќи привлекуваат инсекти. Ако живеете во област каде што змиите се чести, стручњаците препорачуваат дополнителни заштитни мерки како заштитни мрежи или професионално запечатување на цевките со соодветни материјали, советува Best Life.
Ако и покрај претпазливоста сепак забележите змија, најважно е да останете смирени и да не преземате сами мерки, туку да повикате пожарникари или други надлежни служби.