Кои сѐ народи ја слават Старата нова година?

Православните христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар, вечер ќе ја пречекаат Јулијанската нова година, попозната како Стара нова година, која почнува утре на празникот Василица. Но, празнуваат и други народи ширум светот кои се од друга религија.

Покрај Македонската православна црква - Охридска архиепископија, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Старата нова година од разни причини се празнува и кај многу народи што не се православни, а ниту пак христијани. Така, овој празник се слави и во Курдистан, Палестина, Јордан, Узбекистан, Азербејџан, Казахстан, Швајцарија, Велс и Шкотска, а го празнуваат и Берберите кои живеат распослани низ земјите од Северна Африка. Во Алжир, каде Берберите се бројно малцинство, е прогласен за национален празник, но поради некои причини таму се слави ден порано, на 12-ти. Берберите овој ден го нарекуваат Yennayer. Покрај арапските христијани на Блискиот Исток, го слават и Алавитите, кои се муслимани. Во земјите од арапско говорно подрачје овој ден е познат како Ра'с ал-Сана (رأس السنة).

Прослава на Yennayer кај берберската заедница

Старата нова година порано многу повеќе се славела во Шкотска, а денес само мал дел од Шкотланѓаните сѐ уште го почитуваат овој стар празник, поточно припадниците на гелската заедница, според паганска традиција. На островите Јужен Ујст и Ерискај (Надворешни Хебриди) е познат како Oidhche Challaig, во Гленфинан како Oidhche Challainn, а во градовите Бургхед и Морајшир се слави The Burning of' the Clavie.

Палењето на Клави во Шкотска

Кај Србите е попозната како Српска нова година, но и како Мал Божиќ. Точниот датум кога Србите почнале да ја слават Старата нова година е невозможно да се утврди, но празникот добил на важност по Првата, а особено по Втората светска војна. Иако официјално не бил забранет, за време на комунистичкиот режим немало организирани јавни прослави.

За Српска нова година традиционално има огномет во Белград

Дури и пред Законот за календар (нов стил) од 1750 година законски да се усвои како таков во Англија и Велс, повеќето заедници во Велс долго време го сметале 1 јануари за Dydd Calan (Нова година). Нередот што настанал по модификацијата на календарот не бил толку истакнат во Велс, па традиционалната Нова година, оттогаш позната како Hen Galan (Стара нова година), била дозволена да продолжи како неформален празник. Денес, прославите на Hen Galan вклучуваат Mari Llwyd, правење јаболкови амајлии наречени perllan и собирање calennig, а најпознатите прослави на Hen Galan се одржуваат во Коубриџ, Абериствит и најзначајно во Кум Гваун.

Стара нова година или Hen Galan во Велс

На семејната трпеза во многу македонски домови се крши пита со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна. Питата се дели меѓу членовите на семејството, или пријателите, вечерта на дочекот, кога на богата трпеза се играат и карти. Може да се подели и на Василица за ручек.

Македонска пита со паричка, Фото: Филип Здравески (Кајгана)
реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Живот

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Read more

Принцот Хари откри дека паднал во депресија по преселбата во Канада

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

6 митови со кои често се соочуваат новите родители

Read more

Магазин

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Читај повеќе

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Читај повеќе

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Читај повеќе

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Читај повеќе

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Читај повеќе

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Читај повеќе

Принцот Хари откри дека паднал во депресија по преселбата во Канада

Читај повеќе

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Читај повеќе

6 митови со кои често се соочуваат новите родители

Читај повеќе