Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Иако многу луѓе ја сметаат бањата за највалкано место во домот, експертите велат дека постои еден предмет што може да биде многу повалкан.

Според нова студија спроведена во Велика Британија, на каучот се акумулира огромна количина бактерии, габи и мувла, што може да претставува ризик по здравјето, особено ако имате домашни миленици во вашиот дом.

Иако каучот се користи секојдневно за одмор, дружење и дремка, малкумина размислуваат за негово чистење на ист начин како постелнината.

Имено, преку истражување, научниците анализирале шест каучи од различни домаќинства во Велика Британија и откриле дека во просек содржат повеќе од 500 илјади бактерии на површина од 100 сантиметри. За споредба, WC школката имала само околу 6.800 бактерии на истата површина. Најзастапени биле аеробните мезофилни бактерии, кои главно се наоѓаат во остатоци од храна и мртви клетки на кожата.

Покрај каучите, експертите тестирале и голем број други предмети од домаќинството што луѓето често ги допираат. Имено, бирото имало околу 5.900 бактерии, компјутерот 5.800. Сепак, ниту еден од овие предмети не се приближил до нивото на контаминација што се гледа на просечниот кауч.

Дополнително, истражувањето покажа изненадувачки резултати за сопствениците на домашни миленици. Имено, највисока концентрација на бактерии е пронајдена на каучот во куќата со две мачки, 2,7 милиони бактериски колонии на наведената површина. Станува збор за бактерија која нормално се наоѓа во човечките црева и се пренесува преку измет, а може да предизвика сериозни здравствени проблеми ако влезе во телото. Најчистиот кауч во студијата му припаѓал на пар со мало дете. Покрај бактериите, на каучите биле пронајдени габи и мувла.

Експертите предупредуваат дека многу луѓе често занемаруваат редовно да го чистат каучот, и затоа се препорачува секојдневно да се брише површината за да се спречи насобирање нечистотија. За подлабоко чистење, се препорачува употреба на сода бикарбона.

реклама

Живот

Кралици на издржливоста: Растенија што успеваат дури и ако ги заборавите

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Скопје има големо срце: Над 200.000 денари собрани на третата Добротворна модна аукција

Read more

Уреди што никогаш не треба да ги вклучувате во продолжен кабел

Read more
 

Магазин

Кралици на издржливоста: Растенија што успеваат дури и ако ги заборавите

Читај повеќе
  • play_arrow

Торта Југославија – слатко потсетување на едни добри времиња

Читај повеќе

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Три симптоми кои укажуваат на можни проблеми со црниот дроб

Читај повеќе

Популарен суплемент покажува загрижувачка врска со срцева слабост

Читај повеќе

Што да пиете наутро за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот?

Читај повеќе

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Читај повеќе