Колку ќе ве чини зимување на Златибор оваа сезона?

Златибор и оваа зимска сезона важи за една од најпопуларните дестинации во регионот.

Резервациите за сместување веќе започнаа, а најавени се и бројни настани што ги очекуваат туристите.

Меѓутоа, оние кои сè уште не го испланирале своето зимување се интересираат за цените на Златибор во претстојната сезона. Цените во текот на зимската сезона умерено ќе пораснат, без драстични скокови.

„Кога станува збор за поскапувањето, секогаш мора да се земе предвид повеќе фактори: трошоците за енергија, одржувањето на патеките и инфраструктурата, како и состојбата на пазарот – понуда и побарувачка. Во разговорите со колеги од туризмот, очекувањата се дека ќе има умерени промени во цените, но не и драстични скокови. Бидејќи имавме добра летна сезона, капацитетите ќе бидат доста пополнети, што ни овозможува благо зголемување на цените, но истовремено се трудиме да ја задржиме пристапноста за посетителите“, изјавија од Туристичката организација Златибор.

Цени на ски-пас на Златибор

Скијалишта Србија неодамна го објавија ценовникот за ски-пас на Торник.

Цена на еднодневен ски-пас (15 ноември – 16 декември):

1.830 денари за возрасни; за деца 1.350 денари.

Период 17–24 декември, 8 јануари–10 февруари и 18 февруари–23 март:

1.910 денари за возрасни, 1.510 денари за деца.

Период 25 декември–7 јануари и 11–17 февруари:

1.990 денари за возрасни, 1.590 денари за деца.

Шестдневниот ски-пас ќе се движи од 7.160 до 7.630 денари за возрасни и од 4.690 до 5.140 денари за деца, зависно од периодот.

Поединечно возење со жичарница ќе чини 420 денари за возрасни, а 290 денари за деца.

Ски-градинка (полигон за почетници) со подвижна лента ќе чини 640 денари за возрасни и 480 денари за деца.

Имајте предвид дека, доколку ски-пасот го купите онлајн на сајтот на Скијалишта Србија, добивате:

  • 15% попуст до 15 ноември,
  • 10% попуст од 1 до 8 декември,
  • 5% попуст од 9 декември до крајот на сезоната.
Цени на сместување на Златибор

Цените на сместувањето во сезоната 2025/26 зависат од типот (апартмани/хотели), датумот и локацијата.

Во непосредна близина на Златибор (околу 1 км од центарот) може да се најдат апартмани во кои ноќевање за две лица чини околу 1.240 денари во декември.

Приватни апартмани во самиот центар се достапни по околу 1.430 денари.

Хотелско ноќевање за две лица започнува од 3.180 денари па нагоре.

Во јануари, цените на апартманите се движат од 1.700 денари па нагоре, додека хотелското сместување чини од 4.770 денари па повисоко, во зависност од локацијата.

Возење со „Голд Гондола“

„Голд Гондола Златибор“ е најдолгата панорамска жичарница во светот што го поврзува туристичкиот центар Златибор со планинскиот центар Торник.

Таа нуди незаборавен поглед на бајковитиот пејзаж, во кој особено се истакнува Рибничко Езеро – воедно и меѓустаница на жичницата.

Цената за возење: 1.060 денари за возрасни, 530 денари за деца.

Во текот на зимската сезона туристите ги очекуваат бројни настани и забавни програми, како „Златиборска божиќна бајка“ за деца и возрасни, празнична декорација, анимации и претстави за најмладите, као и активности за возрасни што ќе го надополнат вашиот зимски одмор.

реклама

Мурињо шокираше: Требало да го наследи Фергусон, па му се јавил во солзи и сè пропаднало

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност

Read more

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Живот

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Read more

Нутриционистите особено препорачуваат боровинки во лето

Read more

Како да се намали стравот од возење кај кучињата?

Read more

Магазин

Три клучни моменти кога паровите најчесто раскинуваат

Читај повеќе

Носите паметен часовник? На едно нешто треба да внимавате, посебно во лето

Читај повеќе

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Читај повеќе

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе