Aнела Ставревска Панајотова, Национален Парк Шар Планина:

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Националниот парк  сè повеќе се развива како дестинација за еко-туризам, привлекувајќи љубители на природата од земјата и странство. Паркот придонесува за одржлив развој на регионот, нудејќи еколошки прифатливи активности што ја почитуваат и штитат природната средина и ја зајакнуваат локалната економија

Шар Планина е последниот прогласен Национален парк во Република Македонија. Богатиот диверзитет на флората и фауната, важноста на овој предел за еколошката и хидролошка слика на државата придонесоа ова подрачје да се стави под поголема заштита на државата.

„Шар Планина е дом на голем број видови, а над 200 растителни видови се балкански или локални ендемити. Тоа значи дека не постојат на ниту едно друго место во светот и секако тука ќе ги потенцирам загрозените животни. Со воспоставувањето на паркот, се забрануваат активности кои ги загрозуваат видовите како што се: неконтролирано сечење и уништување на шуми, криволов, загадување на езерата и реките, недозволена градба итн. Воедно, паркот врши научен мониторинг, со помош на биолози и чувари на природата, што овозможува следење на популацијата и здравјето на видовите, објаснува Aнела Ставревска Панајотова, раководителка на одделението за заштита на природа во ЈУ Национален Парк Шар Планина.

Таа додава дека денес Шар Планина е далеку повеќе посетена од туристи, домашни и странски, од научници и од вљубеници во природата.

„Националниот парк Шар Планина сè повеќе се развива како дестинација за еко-туризам, привлекувајќи љубители на природата од земјата и странство. Паркот придонесува за одржлив развој на регионот, нудејќи еколошки прифатливи активности што ја почитуваат и штитат природната средина, а воедно и ја зајакнуваат локалната економија. Како институција која постои само 3 години, за поттикнување на еко-туризмот всушност првите напори ги правиме оваа година. Во тек се иницијативи за поставување на нови информативни табли и патокази, засолништа, информативен центар, реконструкција на парковска инфраструктура, бележење на планинарски патеки итн., но не чека многу работа, а за жал работите не одат секогаш според планираното поради многубројни административни процедури, политички процеси во државата и недостаток на средства. Во тек е и поддршка за локални бизнис иницијативи кои ќе придонесат за развој на туризмот но воедно и ќе придонесат кон спроведување на активности од планот за управување со подрајчето, вели таа.

Ставревска посочи и дека во неколку села жителите веќе ги адаптираат или реновираат семејните куќи за сместување на туристи, додавајќи дека овој предел треба да биде простор каде луѓето и природата треба да функционираат во рамнотежа и хармонија.

Пивара Скопје преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“ потпиша Меморандум за соработка со ЈП Национален парк „Шар Планина“ за заеднички активности, кои ќе придонесат за заштита и унапредување на ова непроценливо природно богатство.

Една од овие активности беше еко-акцијата за чистење на излетничкото место Лисец на Шар Планина, која се одржа на 7 мај. Во акцијата учествуваа 23 волонтери, кои заедно со вработените од Националниот парк и партнерите од „Саубермахер“, собраа цели 1.300 килограми отпад – резултат, кој не само што говори за посветеноста на учесниците, туку и за важноста од заедничка акција за заштита на нашите планини.

реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Живот

Дали стана „кул“ да се биде трезен?

Read more

Кои сѐ народи ја слават Старата нова година?

Read more

Кои хороскопски знаци нема да имаат финансиски грижи почнувајќи од 2026 година?

Read more

Како да проверите дали медот што го купувате е навистина вистински?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најглупавите мегапроекти во светот

Читај повеќе

Зошто треба да поминуваме повеќе време на дневна светлина?

Читај повеќе

Колку треба да спиете за да ви се опорават мускулите после вежбање?

Читај повеќе

Дали стана „кул“ да се биде трезен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совети за почетници во кујната: Како да зготвите риба?

Читај повеќе

Кои сѐ народи ја слават Старата нова година?

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци нема да имаат финансиски грижи почнувајќи од 2026 година?

Читај повеќе

Како да проверите дали медот што го купувате е навистина вистински?

Читај повеќе
  • play_arrow

Една топла нијанса ќе ги освои ентериерите во 2026 година, следејќи ги модните брендови

Читај повеќе