Неколку трикови како да добиете најдобро место во авион

Седењето рамо до рамо со непознати и стискањето со згрчени нозе во малиот простор меѓу седиштата се само дел од причините зошто многу луѓе не сакаат да патуваат со авион.

За среќа, има неколку трикови како да дојдете до идеалното место во авионот за вас, без разлика дали барате удобност, добар поглед или да заштедите пари.

Ако сте нервозен патник

Сигурно сте слушнале дека патувањето со авион е еден од најбезбедните начини за патување. Ако сепак сакате дополнително да ја зголемите вашата сигурност, имајте на ум дека едно истражување од 2007 година покажа дека најбезбедни се седиштата што се наоѓаат во задниот дел на авионот. Патниците кои седат назад имаат 40% поголеми шанси да преживеат авионска несреќа во споредба со оние кои седат во првите редови.

Ако сакате да заштедите пари

Веб-страницата за споредување на цените на летовите Momondo ја нуди бесплатната алатка Flight Insight што ги следи најевтините летови. Добро е исто така да се зачлените во клубовите на корисници на авиокомпаниите што најчесто ги користите и да добивате известувања за најдобрите понуди, како и попустите за лојални корисници.

Истражувањата покажале дека цените на картите во просек се поевтини 53 дена пред полетување. Ако купувате карта last minute, избегнувајте да резервирате три дена пред тргнување бидејќи тогаш во просек се најскапи.

Ако сакате мирен лет

Поголемите авиони летаат на поголема висина каде нема налет на ветрови и така сте „посигурни“ ако ве плаши турбуленција. Друга опција е да резервирате карти за седишта до крилата на авионот што се сметаат за најстабилни. Ако сакате да се наспиете, држете се до средината на авионот. Така нема да ве разбуди турбуленција и нема да ја слушате вревата од редицата за во веце. Ако сакате повеќе простор за нозете, проверувајте ги сајтовите Seat Expert и Seat Guru кои помагаат во наоѓање најудобни седишта. За секој случај, резервирајте седиште до ходникот. Можеби ќе ви досадуваат стјуардесите и луѓето, но ќе има кај да испружите нога.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Живот

Која е најевтината all inclusive дестинација за одмор ова лето?

Read more

Правилото 5:1 ја зајакнува врската на родителите со детето

Read more

Лето 2026: Сè се менува од корен за 4 хороскопски знаци

Read more

Вечерна рутина без која не треба да заспивате: Клуч за сјајна кожа

Read more

Магазин

Која е најевтината all inclusive дестинација за одмор ова лето?

Читај повеќе

Доктор предупредува кој суплемент да не се меша со млечни производи

Читај повеќе

Правилото 5:1 ја зајакнува врската на родителите со детето

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Мусака од тиквички

Читај повеќе

Лето 2026: Сè се менува од корен за 4 хороскопски знаци

Читај повеќе

Што треба да пиете по вечерата ако сакате да слабеете?

Читај повеќе

Три симптоми на дијабетес што се појавуваат веднаш по будењето

Читај повеќе

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Читај повеќе

Вечерна рутина без која не треба да заспивате: Клуч за сјајна кожа

Читај повеќе