Пак врие на плажите во Грција: Лежалките поскапуваат од ден во ден

Цените на лежалките во Грција се неисцрпен извор на расправи од сезона во сезона, па така ни ова лето не може да се заобиколат.

Туристите често во Facebook групите споделуваат информации за цените на лежалките на најпопуларните дестинации меѓу Македонците, како што се Неа Пори, Паралија, Тасос, Лептокарија, Сарти и други.

Она што туристите во Грција особено го сакаат е што сè уште постои одреден број барови на плажа каде лежалките не се плаќаат – условот е само да купите пијалок.

Оваа појава полека „изумира“ на други туристички локации, но и во некои делови на Грција, каде цените на лежалките достигнуваат и неколку десетици евра. Меѓутоа, Грците сè уште, во поединечни летувалишта, се држат до ова „правило“.

„Пред некој ден некој праша за цените на лежалките и јас одговорив дека само треба да земеш пијалок како и досега, меѓутоа од денес има нова ситуација на Тасос. Дополнително се наплаќа, лежалката е 2,5 евра плус пијалок“, сподели една туристка во онлајн групите.

Веднаш следуваа стотици коментари.

„Сè зависи од место до место. Лани најдов плажа каде лежалките беа гратис со консумација во Лименас, но треба да се дојде што порано, околу 8-9 часот наутро кога има место“, „Јас моментално сум на Тасос во градот Лименас и лежалките се добиваат со пијалок“, „Ставрос, 4 евра, пијалак и користиш цел ден“, „Во Полихроно најевтино беа 20 евра, така што тоа е одлично“, се само некои од коментарите.

Од коментарите може да се види дека и понатаму е можно да се најдат бесплатни лежалки со пијалок во поединечни места во Грција.

Меѓутоа, доколку цените на лежалките се превисоки во местата каде летувате, треба да знаете едно правило.

Правило на плажите

Во Грција од минатата година важи правило за регулирање на уредените плажи, односно обезбедување јавен пристап, без потреба од плаќање лежалки.

Според тоа правило, 70 отсто од површината на плажата мора да остане достапна за јавноста. Тоа значи дека, ако не сакате да плаќате лежалки и чадори, можете да заземете одреден дел од плажата и да престојувате на пешкир, сламарник, столици или други лични реквизити за плажа.

Во анкетата што лани ја спроведе порталот b92.net, дури 52 отсто од луѓето гласале дека повеќе им одговара опцијата со користење пешкир и сламарник, наместо лежалки.

реклама

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Read more

ФБИ го пратиле во џамија да шпионира, верниците го пријавиле во ФБИ за екстремен фанатизам

Read more

Живот

Што треба да јадете и пиете ако цел ден сте биле на сонце?

Read more

Јапонска студија открива кои бои да ги изберете за да останете посвежи во лето

Read more

Животот им се менува на 5 хороскопски знаци во следните 18 месеци

Read more

Како да препознаете домат кој е навистина квалитетен: Обрнете внимание на деталите

Read more

Магазин

Зошто утринскиот секс е уште подобар во лето?

Читај повеќе

Трчање или возење велосипед: Што е подобро за вашето тело?

Читај повеќе

Како можете да го намалите ризикот од инфекција со западнонилска треска?

Читај повеќе

Што најмногу го крева шеќерот во крвта? 

Читај повеќе

Што треба да јадете и пиете ако цел ден сте биле на сонце?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто сонуваме и што ни кажуваат соништата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Тројанската војна објаснета во 13 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Може ли витаминот Д да се добие преку исхрана?

Читај повеќе

Јапонска студија открива кои бои да ги изберете за да останете посвежи во лето

Читај повеќе