Плажата Праса е прогласена за плажа со најчиста вода во светот.

Грчкиот остров Кимолос, кој се наоѓа во Егејското Море, има плажа со најчиста вода во светот, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на студија спроведена од американската туристичка агенција Florida Panhandle. Анализата, која ги зелае предвид мислењата на 2,4 милиони туристи, го откри победникот - плажата Праса.
Праса, бисерот на архипелагот Киклади, е прогласена за плажа со најчиста вода во светот. Покрај тоа, повеќето од плажите што добија највисоки оценки за чистота на водата се наоѓаат во Грција, како што истакна американската компанија.
Плажата Праса, која се наоѓа на североисточниот дел на островот Кимолос, е вистински бисер. Островот, со население од помалку од илјада луѓе, им нуди на туристите не само чисти води, туку и мирот и шармот на мала, ненаселена заедница.

Претходните години донесоа значително зголемување на бројот на туристи во Грција. Само во 2023 година, над 36 милиони луѓе ја посетиле земјата, што е зголемување од 20,8% во споредба со претходната година, а сè уште се бележи пораст. Повеќето туристи го избрале регионот Атика, но токму на островите во Јужен Егеј потрошиле најмногу пари и резервирале најмногу сместувања.
Овие резултати покажуваат дека Грција, особено нејзините острови, продолжува да привлекува туристи со својата природна убавина и единствена клима. А, плажата Праса во Кимолос, со најчистата вода во светот, е секако еден од главните магнети на туристичката мапа на нашиот јужен сосед.