Промени кај мачките што укажуваат на бубрежна болест

Болеста на бубрезите кај мачките постепено напредува, па многу сопственици не забележуваат симптоми додека состојбата не стане сериозна. Ветеринарот д-р Амир Анвари сподели апел на неговиот TikTok до сопствениците на мачки да бидат свесни за опасностите од оваа болест кај нивните миленици.

Според него, оваа болест се влошува со секој нов симптом, а додека мачката стигне до ветеринар, често веќе ѝ нема спас.

„Вашата мачка нема да преживее ако не дејствувате на време. Ова е совет кој мора да го слушнете и да го сфатите сериозно“, вели тој.

Некои од раните знаци на бубрежна болест кај мачките вклучуваат зголемена жед, често мокрење, губење на тежината, повраќање, летаргија и лош здив.

Кога бубрезите не се во можност да ги филтрираат токсините од телото, се наталожуваат токсични материи, што ја прави состојбата уште полоша. Циклусот на дехидрација и слаб внес на храна може брзо да доведат до откажување на бубрезите.

Кога ќе забележите дека вашата мачка пие повеќе вода од вообичаено и почесто мокри, тоа е јасен знак дека може да има проблеми со бубрезите. Д-р Анвари вели дека е важно веднаш да се побара ветеринарна помош бидејќи сопствениците често се свесни за промените, но не реагираат на време.

Како што болеста напредува, мачката може да одбие храна, да почне да повраќа и да се однесува како да е болна. Сето ова е резултат на акумулацијата на токсини во телото бидејќи бубрезите повеќе не ги филтрираат отпадните материи како што треба. Со дехидрација и слаб внес на храна, состојбата станува уште посериозна бидејќи телото почнува дополнително да ги оштетува веќе ослабените бубрези.

Д-р Анвари советува да ѝ обезбедите на вашата мачка извор на свежа вода за да го поттикнете внесот на течности. Исто така, препорачува додатоци на омега-3 масни киселини поради нивните антиинфламаторни својства, кои можат да им помогнат на бубрезите.

@amirthevet By the second euthansia I almost wanted to cry . Seeing this issue so often and owners not being aware of how deadly it is has made me feel the need to post this video . Please guys if you’ve experienced kidney disease share in the comments and lets spread some awareness! #cats #catowners #learning #vet ♬ original sound - Amir Anwary
Тагови
реклама

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Живот

Кралици на издржливоста: Растенија што успеваат дури и ако ги заборавите

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Скопје има големо срце: Над 200.000 денари собрани на третата Добротворна модна аукција

Read more

Уреди што никогаш не треба да ги вклучувате во продолжен кабел

Read more
 

Магазин

Кралици на издржливоста: Растенија што успеваат дури и ако ги заборавите

Читај повеќе
  • play_arrow

Торта Југославија – слатко потсетување на едни добри времиња

Читај повеќе

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Три симптоми кои укажуваат на можни проблеми со црниот дроб

Читај повеќе

Популарен суплемент покажува загрижувачка врска со срцева слабост

Читај повеќе

Што да пиете наутро за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот?

Читај повеќе

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Читај повеќе