Што да понесете во летниот несесер без да го преполните куферот? Вирџинија Ристеска препорачува dm мини пакувања

Подготовките за летен одмор секогаш започнуваат со најдобрите намери - куферот да биде практичен, организиран и без непотребни работи. Но, кога ќе дојде моментот за пакување, изборот на комбинации за плажа, прошетки и вечери лесно го полни куферот побрзо од очекуваното. Токму затоа, Вирџинија Ристеска, која на својот инстаграм профил споделува совети и идеи за патувања, овој пат открива како подготовката за летен одмор може да биде поедноставна со мини пакувања на производите достапни во dm.

За Вирџинија, патувањето не е само дестинација, туку и добро испланирано искуство и знае дека секој сантиметар во куферот е важен. А кога облеката веќе го зема својот простор, мини пакувањата се вистинско решение за козметика без компромис. Ова се дел од производите кои се најдоа во нејзиниот летен несесер. 

Dontodent Sensitive паста за заби

За негувана насмевка и на патување, Dontodent Sensitive пастата за заби во патно пакување е практичен избор за секој несесер. Клинички е тестирана, содржи цинк и помага во заштита од кариес и наслаги. Наменета е за чувствителни непца и заби, а благодарение на својата големина, лесно се вклопува во куфер, ранец или несесер.

Balea Sensitive шампон за суво миење коса

Кога денот започнува рано, а планот вклучува плажа, прошетка или патување без многу време за класично миење коса, Balea Sensitive шампонот за суво миење коса е практично решение за свеж изглед во движење. Неговата нежна формула ја отстранува маснотијата, ѝ дава волумен на косата и не остава видливи траги по расчешлување. Обогатен е со пантенол и е погоден за чувствителна коса и скалп.

Balea освежувачки гел за миење лице

По долг ден поминат на сонце, во авион, автомобил или во истражување нова дестинација, кожата заслужува чувство на свежина и чистота. Balea освежувачкиот гел за миење лице со алое вера и хидрокомплекс нежно ги отстранува остатоците од шминка и придонесува за оптимално ниво на влажност. Лесната текстура создава блага пена, а практичното пакување е идеално за носење на патување.

Balea Volumen Effekt спреј за коса 

За уредна фризура и кога сте далеку од дома, Balea Volumen Effekt спрејот за коса во патна амбалажа обезбедува екстра силно зацврстување и видлив волумен. Не ја оптоварува косата, лесно се расчешлува и е практичен за брзо освежување на фризурата пред вечера, прошетка или фотографија од патувањето. Малото пакување го прави совршен избор за несесер, без да зазема непотребен простор.

Можеби Вирџинија не знае секогаш да заштеди простор на облека, но знае да заштеди таму каде што навистина може. Наместо уште едно големо пакување шампон или производ што ќе заземе половина несесер, во куферот останува место за уште еден фустан.

Со мини пакувањата достапни во dm, подготовката за летен одмор станува полесна, попрактична и подобро организирана. Посетете ги dm продавниците и пронајдете ги производите што ќе се вклопат во вашата следна авантура - по секогаш поволни цени.

реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Живот

Грешка што многу луѓе ја прават помеѓу 11 и 18 часот може да ги направи домовите потопли

Read more

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Магазин

Грешка што многу луѓе ја прават помеѓу 11 и 18 часот може да ги направи домовите потопли

Читај повеќе

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Читај повеќе

Вода со лимон: Од хидратација до помош за слабеење

Читај повеќе

Која физичка активност е најдобра за ослободување од болките во грбот?

Читај повеќе

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Читај повеќе
  • filter

Латино дивата знае како да привлече внимание: Деколтето на Џеј Ло го „освои“ Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Читај повеќе
  • filter

Иуте ги прогласи победниците на IutePay студентскиот иновациски предизвик

Читај повеќе

Кога сувите, испукани пети се знак на болест?

Читај повеќе